• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Си заминавте како што се запознавте“: Трогателна објава за брачниот пар од БиХ кој загина планинарејќи на Елбрус

27 јули 2026, 11:10
  • cподели

Трагедијата на Елбрус во Русија го потресе регионот откако петмина планинари од Зеница, Босна и Херцеговина, ги загубија животите заглавени во ненадејна и силна бура.

Меѓу жртвите е и брачниот пар Алма и Денис Окановиќ, чија љубовна приказна започнала токму на планина. Нивна блиска личност преку социјалните мрежи се прости од нив со потресни зборови кои нема да ве остават рамнодушни:

„Најдраги мои, си заминавте како што се запознавте, на планинските височини. И јас со вас ги запознав сите убавини на дружењето и планинарењето и исто така ги засакав. Ви благодарам за бескрајната љубов и поддршка во сè“

Во кобната експедиција животите ги загубија и докторката Мелиха Чаушевиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Во несреќата успеаја да преживеат само двајца членови на групата, Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ, кои беа спасени и згрижени.

Според информациите од руските власти и медиуми, групата искусни планинари од Зеница се соочила со силни ветрови и екстремен пад на температурите на надморска височина од над 5.000 метри. Руски експерти наведуваат дека главна причина за катастрофата била лошата проценка во услови на ненадејна временска промена, бидејќи и покрај предупредувањата и повлекувањето на другите групи, тие се надевале дека ќе успеат да ја совладаат бурата. Дополнително, рускиот Истражен комитет отвори кривична истрага за да се утврдат сите околности околу организацијата на патувањето и искачувањето без лиценциран локален водич.

Спасувачките тимови се соочуваат со екстремно тешки услови на теренот поради силниот ветар, кој сè уште ја оневозможува целокупната евакуација на телата од височините на Елбрус. Регионот останува во длабока тага по загубата на страсните љубители на природата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Федерација за планинарство на Северна Македонија (@fpsmakedonija)

Најнови

  • Стефи Гаштарска и Амар Мециновиќ

    Љубов на планина: Балерината Стефи Гаштарска и пратеникот Амар Мециновиќ го искачија првиот заеднички врв

    Mon, 07/27/2026 - 13:15
  • Лубеница и диња

    Нутриционистката Татјана Павлова: Лубеница и диња - освежување со многу придобивки, но и со правила

    Mon, 07/27/2026 - 12:51
  • „Летај мирно, Гоце, ми беше чест“: Маја Андоновска со стари фотографии и порака се збогуваше со Гоце Тодоровски

    Mon, 07/27/2026 - 12:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.