Каролина Гочева ги израдува фановите со нова музика во соработка со Пијан Славеј и младиот музичар и продуцент Драги Иванов.
Македонската пејачка го објави видеозаписот за „Си љубела, ќе љубиш“ и напиша дека со задоволство ја прифатила соработката:
„Кога и да ми се јави Бранислав Николов со некоја идеја нешто да снимиме или испееме, прво велам ‘да’, па потоа преслушувам“ – напиша Каролина, споделувајќи ја песната „Си љубела, ќе љубиш“.
Таа откри дека одамна чекала можност да соработува со Драги Иванов, кој ги потпишува и аранжманот и продукцијата на песната. Текстот и музиката се дело на Бранислав Николов.
Улогите во спотот ги толкуваат Анастасија Трајковска и Стефан Ристевски.
„Уживајте во ‘Си љубела, ќе љубиш’“ – порача Каролина.