• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Северина емотивна: „Бев една од ретките мајки во светот која не смееше гордо да објавува фотографии од својот син“

14 ноември 2025, 13:25
  • cподели

Северина со силни емоции ја отпеа „Rodjeno moje“ во Загреб.

Хватската музичарка ја распеа и разнежни публиката со баладата посветена на синот Александар додека во позадина течеа досега невидени интимни снимки и фотографии од неговото растење.

„Ние поминавме еден тежок животен пат, но тој сега е со мене, израсна во еден прекрасен тинејџер“ – рече Северина.

Северина Северина Северина Северина Северина Северина

Талентираната пејачка сподели видео на социјалните мрежи, а во описот напиша:

Бев една од ретките мајки во светот која не смееше гордо да објавува фотографии од својот син. За среќа, на крајот ја добив дозволата од најважната личност – моето дете. Дозвола посилна од кој било закон и бирократ. И конечно повторно живееме среќно и убаво.

За жал, многу жени и понатаму се во маѓепсан круг на бездушен и корумпиран состав – од социјални служба до судови. Без средства за финансирање на бесконечни постапки и надеж за правда. Многу од жените често остануваат осамени во нивната борба, целосно исцрпени финансиски и психички. Единствено ги грее детската љубов. И мене таа ме одржа да издржам сè.

Љубовта секогаш го победува злото.
Благодарам Загреб.

Благодарна сум за сè...

Северина со години водеше битка со поранешниот сопруг Милан Поповиќ за старателството над Александар. Во 2018 година, судот донесе неправедна одлука да ѝ биде одземено целосното старателство, а детето половина од времето да поминува со Милан. Северина веднаш мораше да го предаде синот на татко му, но не се откажа, туку ја продолжи својата битка и на крајот победи.

Северина Северина Северина Северина

На концертот во Сплит, на крајот од октомври, Северина рече:

„Сега песна за најважниот маж во мојот живот. Неговото срце чукаше под моето. Повеќепати се обидоа да ми го одземат, но по 12 години борба – мојот син живее со мене.“

Северина Северина

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.