• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Сестра ми умре?“: 10-годишната Матилда си играла пред да биде убиена пред очите на помалата сестра во масакрот во Сиднеј

15 декември 2025, 13:12
  • cподели

Матилда Полтавченко е најмладата жртва во масакрот на плажата Бонди во Сиднеј.

10-годишното девојче било фотографирано во жолто фустанче додека си играло и се смеело, несвесно дека неколку моменти подоцна животот ќе му биде трагично прекинат. За време на масакрот во Сиднеј, таа била застрелана пред очите на нејзината помала сестричка Самер.

Тие јаделе слатки и галеле јариња кога се слушнале истрелите од напаѓачите кои подоцна ѝ го одзеле животот на Матилда. 

Сè се случи пред Самер, пред нејзините очи, таа виде сè... Прашуваше: „Дали сестра ми умре?“ – рекла тетката на девојчињата, Лина.

Според изјавите на семејството, Матилда била ведро и дружељубиво дете, го сакала училиштето и имала многу пријатели. Таа била позната по својата насмевка и по тоа што секогаш споделувала прегратки со најблиските.

Роднините и пријателите направиле сè што можеле за да го запрат крварењето пред Матилда да биде пренесена во Детската болница во Сиднеј. За жал, поради големата загуба на крв, и покрај донираната крв од пријателите, лекарите не успеале да ѝ го спасат животот. 

Терористичкиот напад на плажата Бонди се случил за време на собир по повод еврејскиот празник Ханука. Двајца напаѓачи, татко и син, започнале да пукаат во насобраните луѓе и убија 15 лица. Повредени се 42 лица кои се хоспитализирани.

Tags
Бонди

Најнови

  • „Сестра ми умре?“: 10-годишната Матилда си играла пред да биде убиена пред очите на помалата сестра во масакрот во Сиднеј

    Mon, 12/15/2025 - 13:12
  • Државна лотарија

    Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1.000.000 евра може да оствари повеќе од еден сон

    Mon, 12/15/2025 - 13:06
  • Ивана од Кичево креира хуманитарни честитки

    Ивана од Кичево креира новогодишни честитки за хумани цели и го донира секој денар: „Оние кои ги добиваат средствата се благодарни“

    Mon, 12/15/2025 - 12:43
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.