• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Шест Дијаманти од Божиновски, за шест дијаманти на кинематографијата

17 септември 2019, 07:55
  • cподели

На јубилејното 40-годишно издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“, шест дијаманти заблескаа во рацете на шестмина лауреати кои веќе традиционално ги доделува „Божиновски часовници и накит" во соработка со фестивалот, за особен придонес во кинематографијата.

Во духот на мотото на компанијата „Победи го времето, живеј го моментот“ компанијата ги слави сите оние кои што создаваат трајни вредности, оние кои својот живот го посветуваат во креирање на моменти, со цел, магијата од платното да се пренесе во секојдневието. Целта на оваа награда е да се поддржи светската кинематографија и преку ваквото признание да се уважат и мотивираат создавачите на филм да се создадат уште бројни дела кој ќе останатат запишани во историјата.

Дијаманти Божиновски за шест дијаманти на кинематографијата Дијаманти Божиновски за шест дијаманти на кинематографијата

Овогодинешни добитници на награда дијамант се американскиот кинематограф и режисер Едвард Лахман, грчкиот кинематограф Јоргос Арванитис, ирскиот сценарист Џим Шеридан, германскиот режисер и продуцент Фатих Акин, шпанскиот кинематограф Хосе Луис Алкаине како и македонскиот композитор Љупчо Костантинов.

Дијаманти Божиновски за шест дијаманти на кинематографијата

„И вечноста може да се обликува. Дијамантите на Божиновски ја означуваат посебноста, убавината и безвременскиот облик на сјајот, не само на скапоцениот камен, туку и на оние кои оставаат свој печат за идните генерации. Ни претставува особена чест, што веќе традиционално ја доделуваме оваа награда на лауреатите на фестивалот, давајќи им мал симбол од вечноста, во име на Битола и на сите оние кои што изминативе 40 години направија барем неколку дена од годината нашиот град да биде дел од филмскиот свет. Овој јубилеј нека биде почеток на испишување на едно ново поглавје за Битола која заслужува повторно да заблеска во својот полн сјај, онака како што и’ доликува, онака како што денес блескаат овие прекрасни луѓе пред нас и дијамантите кои се одраз на нивната бесмртност. Ова го кажувам во име на нашата компанија и во име на сите битолчани, кои отсекогаш знаеле да ја почитуваат убавината и провокацијата на филмската уметност“ - изјави Ангела Христовска од маркетинг тимот на „Божиновски часовници и накит'

Дијаманти Божиновски за шест дијаманти на кинематографијата Дијаманти Божиновски за шест дијаманти на кинематографијата Дијаманти Божиновски за шест дијаманти на кинематографијата Дијаманти Божиновски за шест дијаманти на кинематографијата Дијаманти Божиновски за шест дијаманти на кинематографијата

Од „Божиновски часовници и накит“ велат дека нивниот главен стремеж како компанија била, е и ќе остане поддршката на културурата како главен мотив за воздигнување на човековиот дух и неговото секојдневие и повторија дека дијамантите се само обична симболика кои треба да го одбележат овој процес.

Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.