• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Сергеј Попоски ја претстави „Jednom zauvijek“ пред домашната публика во Скопје

30 септември 2026, 13:04
  • cподели

Младиот македонски пејач Сергеј Попоски, кој во изминатиот период го привлече вниманието на регионалната публика преку социјалните мрежи и настапите на големи сцени, вчеравечер во „Рагуза 360“ во Скопје официјално ја претстави својата прва песна и видеоспот „Jednom zauvijek“. На прес-конференцијата и коктел-забавата, Попоски за првпат го претстави својот нов музички проект пред домашната публика, означувајќи го почетокот на ново поглавје во својата кариера.

Сергеј Попоски

Вечерта беше можност медиумите, соработниците, пријателите и гостите одблиску да се запознаат со музичката приказна што Сергеј ја гради во изминатите години – од првите настапи и музички натпревари, преку видеата на TikTok што му донесоа големо внимание, до настапот во преполните љубљански Крижанке пред концертот на Жељко Бебек и, конечно, неговата прва авторска песна.

Но, за Сергеј, претставувањето на „Jednom zauvijek“ во Скопје имаше посебно значење. По успехот и топлиот прием што во последните месеци го доживува во Словенија, враќањето во родната земја и можноста својата прва песна да ја претстави и пред македонската публика беше момент на особена гордост и емоција.

„За мене оваа вечер има навистина посебно значење. Македонија е местото каде што започна мојата љубов кон музиката, каде што ги направив првите чекори и каде што се луѓето кои ме познаваат од самиот почеток. Многу сум горд што по сè што ми се случува во последниот период, вечерва сум тука и можам мојата прва песна да ја споделам со домашната публика. ‘Jednom zauvijek’ е само почеток и се надевам дека ова е прва од многу песни и средби што ќе ги споделуваме во иднина“, истакна Попоски.

Сергеј Попоски
Сергеј Попоски

ОД ПРИЛЕП ДО ЉУБЉАНА – И НАЗАД ПРЕД ДОМАШНАТА ПУБЛИКА

Музичката приказна на Сергеј започнува многу пред неговите видеа да станат вирални на социјалните мрежи. Роден во Прилеп, тој уште на петгодишна возраст го открива светот на музиката благодарение на својот дедо – музичар, пијанист, виолинист и диригент.

На 15 години своето музичко образование го продолжува во музичкото училиште „Матрикс“, каде што работи со вокалниот ментор Денис Димоски. Следуваат настапи и учества на бројни фестивали и музички натпревари, меѓу кои „Охрид Фест“, „Макфест“ и „Студентско лето“, а во 2026 година го освојува и Grand Prix на WAF Awards во Скопје.

Во меѓувреме, неговиот животен и музички пат го носи во Словенија, каде што денес живее и создава. Токму таму, на навидум едноставен начин, започнува нова етапа во неговата кариера.

Сергеј почнува да снима интерпретации на познати песни пред камера во гаража и да ги објавува на TikTok. Она што започнува спонтано и без големи очекувања, многу брзо привлекува внимание. Дел од неговите видеа достигнуваат и повеќе од 170.000 прегледи, а публиката во неговите изведби препознава моќен вокал, енергија и емотивна интерпретација.

Дигиталниот успех наскоро се преселува и на големата сцена.

На 19 септември Сергеј настапи во легендарните љубљански Крижанке пред концертот на Жељко Бебек, еден од најпознатите музички изведувачи во регионот. Публиката го награди со одлични реакции и бараше бис, а легендарната „Motori“ ја изведе двапати.

За младиот пејач, настапот беше уште една потврда дека она што започна пред камера и на социјалните мрежи може да прерасне во вистинска врска со публиката и на големите сцени.

Сергеј Попоски
Сергеј Попоски

„JEDNOM ZAUVIJEK“ – ПРВАТА АВТОРСКА ПРИКАЗНА

Со „Jednom zauvijek“, Сергеј за првпат пред публиката излегува со сопствена песна, правејќи го следниот важен чекор во својата музичка кариера.

Музиката за песната ја потпишува Maria Dzheneva-Kiskinova, текстот е на Tomislav Jovanović, додека за аранжманот се погрижи Miro Buljan.

Песната е придружена и со професионално изработен видеоспот зад кој стои регионална креативна екипа. Режијата ја потпишува Dejan Miličević, директор на фотографија е Vladimir Borović, зад камерата е Ognjen Predić, а монтажата исто така е дело на Vladimir Borović. За шминката, костимографијата и сценографијата се погрижи Srđan Nikolić.

„Jednom zauvijek“ доаѓа во период во кој кариерата на Сергеј се развива со забрзано темпо – од вирални видеа и стотици илјади прегледи на социјалните мрежи, преку настап пред голема публика во Љубљана, до првата сопствена песна и видеоспот.

Иако денес живее и создава во Словенија, Сергеј не ги крие ниту сака да ги остави зад себе своите македонски корени. Напротив, неговата амбиција е токму нив да ги внесе во современ музички израз и да изгради кариера што природно ќе ги поврзува Македонија, Словенија, Хрватска и поширокиот регион.

Затоа и скопската вечер беше повеќе од промоција на нова песна. Таа беше своевидно враќање таму каде што започна приказната – овојпат со првата авторска песна во рака и со ново музичко поглавје пред себе.

Ако досега публиката го запознаваше Сергеј Попоски преку неговите интерпретации на големи регионални хитови, со „Jednom zauvijek“ тој за првпат ѝ дозволува да го запознае преку музика што ја нарекува своја.

Видеоспотот за „Jednom zauvijek“ е достапен на YouTube.

Сергеј Попоски може да го следите на Instagram, TikTok и Facebook под @sergejpoposki.

Tags
Сергеј Попоски
македонска музика

Најнови

  • Талентираната Ивана наслика прекрасна илустрација која ги пречекува патниците на охридскиот аеродром

    Wed, 09/30/2026 - 22:40
  • Чај

    За деновите кога посегнуваме по топол напиток: dm претставува три нови Mivolis производи

    Wed, 09/30/2026 - 13:14
  • Сергеј Попоски

    Сергеј Попоски ја претстави „Jednom zauvijek“ пред домашната публика во Скопје

    Wed, 09/30/2026 - 13:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.