Сензација на мразот: Илија Малинин со салто наназад и ОЛИМПИСКО ЗЛАТО, Ѓоковиќ се фати за глава
Илија Малинин испиша олимписка историја со скок кој беше забранет 50 години затоа што се сметаше за премногу ризичен.
21-годишниот Американец со спектакуларен настап ѝ донесе златен медал на американската репрезентација на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо.
Публиката со огромно одушевување го проследи неговиот настап на мразот кој вклучуваше салто наназад (бекфлип). Ризичниот потег не носи поени, но освои симпатии низ цел свет, а го остави без зборови и Новак Ѓоковиќ кој го гледаше од трибините.
Откако Малинин стабилно застана на мразот, Ноле се фати за главата, очигледно зачуден и восхитен, а неговата реакција стана вирален хит.
Šta uradi ovaj čovek? 😂😎pic.twitter.com/jJZmvG8zzb
— Wolfy 🇷🇸 (@BigBadWolfWolfy) February 8, 2026
Малинин не остана рамнодушен на реакцијата на српскиот тенисер.
„Го видов Ѓоковиќ. Нереално е. Слушнав дека се фатил за глава откако застанав по бекфлипот. Тоа е неверојатно. Ова е момент кој се случува еднаш во животот“ – изјавил тој.
Овој елемент за првпат беше изведен од Тери Кубичка во 1976 година, но беше забранет една година подоцна, бидејќи беше оценет како премногу ризичен. Во 1998 година, го изведе и Французинката Сурија Бонали, но беше казнета.
Во 2024 година, забраната беше подигната и така Малинин стана првиот лизгач кој го изведе во изминативе 50 години без да ги прекршува правилата.