• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Селена Гомез сними пролетна модна приказна за „Вог“ и се отвори за депресијата и анксиозноста

16 март 2017, 21:45
  • cподели

Селена Гомез е ѕвездата од априлското издание на „Вог“. Модната библија го ангажира фотографското дуо Мери и Маркус за пролетна фотосесија.

Во едиторијалот, музичката ѕвезда носи парчиња од актуелните колекции на Долче и Габана, Мајкл Корс, Луј Витон, Баленсијага, Томи Хилфигер и Тори Бурч.

Селена Гомез

Во интервјуто за списанието, 24-годишната пејачка зборуваше за неколкумесечната пауза во која потполно се посвети на личниот живот, за славата на Instagram и за соочувањето со депресија и анксиозност.

Гомез изјави дека се обидува да биде што поискрена со своите фанови, вклучувајќи ги и моментите кога е емотивно кршлива. „Имам плачено на сцена повеќепати одошто можам да избројам, а јас не сум слатка плачка“ – вели таа.

Минатата година, Селена ја прекина својата турнеја „Revival“ и се пријави во психијатриска установа во Тенеси. „Турнеите се навистина осамено место за мене. Мојата самодоверба беше повредена. Бев депресивна, анксиозна. Започнав да имам панични напади пред да излезам на сцена или откако ќе ја напуштев сцената. Во основа, се чувствував како да не сум доволно добра, како да не сум способна... Немате поим колку неверојатно беше чувството да бидеш само со шест девојки. Вистински луѓе на кои воопшто не им е гајле која бев јас, кои се бореа за нивните животи. Тоа беше едно од најтешките нешта кои ги имам направено, но беше и најдоброто нешто што сум го направила“ – раскажува Селена и додава дека таму останала 90 дена.

Селена Гомез

Пред лекувањето, Селена била зависна од мобилниот телефон и Instagram. Откако стана личност со најмногу следбеници на Instagram, таа тешко можела да се справи со притисокот. „Веднаш откако станав најследената личност на Instagram, на одреден начин се избезумив. Тоа ме консумираше. Со него се будев и заспивав. Бев зависник и се чувствав како да гледав работи кои не сакав да ги видам, ми влегуваа во главата нешта за кои не сакав да се грижам. Секогаш се чувствував мизерно кога гледав на Instagram“ – рекла таа.

Селена Гомез

Сега, славната музичарка максимално го има ограничено кругот на луѓе кои го имаат нејзиниот телефонски број. „Мислам дека 17 луѓе го имаат мојот телефонски број сега. Само двајца се славни“ – вели таа. Селена пет пати неделно посетува психијатар и се фокусира на совладување на шпанскиот јазик со идеја еден ден да сними шпанска музика.

Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез
Tags
Селена Гомез

Најнови

  • Парфем

    Кои шминки и парфеми ќе го направат овој 8 Март незаборавен? Пронајдете ги по секогаш поволни цени во dm!

    Thu, 03/05/2026 - 19:12
  • Гордана Сиљановска-Давкова

    Сиљановска-Давкова: „Овој 8 Март, по несфатливата смрт на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам како Ден на жената“

    Thu, 03/05/2026 - 16:00
  • Рафаел Надал го учи синчето да скија на зимување со саканата: „Линдзи Вон, дали имаш некој совет за нас?“

    Thu, 03/05/2026 - 14:09
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.