• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Селена Гомез низ солзи раскажа за трансплантацијата на бубрег дониран од нејзината пријателка

30 октомври 2017, 13:19
  • cподели

Селена Гомез непријатно ги изненади своите фанови минатиот месец, кога сподели дека ѝ била извршена трансплантација на бубрег поради лупус. Бубрегот го донира нејзината најдобра пријателка Франсија Раиса.

Во ново интервју, славната пејачка за првпат проговори за опасната операција која ѝ го спасила животот.

„Имав артритис, бубрезите ми откажуваа, менталитетот ми беше да продолжам напред“ - раскажа Гомез за лошата здравствена состојба, кога била на само неколку недели до дијализа.

Нејзината пријателка Франсија, која во тој период ѝ била и цимерка, сподели како се стигнало до трансплантацијата. „Еден ден се врати дома и беше емотивна. Не ја прашав ништо, знаев дека не се чувствуваше добро. Но, таа не можеше да отвори шише со вода еден ден. Се откажа и започна да плаче. Ја прашав што е проблемот и тогаш ми кажа. Ми рече: 'Не знам што да правам. Листата е долга 7 до 10 години'“ - вели Франсија, која уште во текот на тој разговор решила да се тестира за да провери дали може да биде донор.

Селена Гомез и Франсија Раиса

Иако целото семејство на Селена направило тестови, ниту едни резултати не биле позитивни. „Не сакав да го барам тоа од ниту една личност во мојот живот. Таа волонтираше и го направи тоа“ - вели Гомез.

Селена Гомез и Франсија Раиса

Франсија веднаш започнала со физички и психички тестови пред операцијата. Таа не крие дека била загрижена за сопственото здравје. „Морав да напишам тестамент. А тоа е страшно, бидејќи нема гаранција дека ќе се разбудиш... Мајка ми не сакаше да биде во болницата додека не се разбудам. Таа ја сака Селена, па затоа беше растргната“ - вели Франсија.

Операцијата на Франсија поминала во најдобар ред, но кај Селена настанале компликации. Кратко време по операцијата, докторите ја известиле дека бубрегот се превртува и дека мораат повторно да ја оперираат. Втората операција траела 6 часа.

„Мораа да ми направат 6-часовна операција, а нормалниот процес за трансплантација на бубрег е 2 часа. Многу сум благодарна што постојат луѓе кои знаат што да направат во такви ситуации“ - сподели Селена, која е категорична дека Франсија ѝ го спасила животот.

Селена Гомез и Франсија Раиса

По операцијата, здравјето на Селена започнало драстично да се подобрува.

„Навистина се надевам дека ќе можеме да помогнеме некому. Тоа низ што поминавме не беше лесно, не беше забавно. Се надевам дека ова ќе направи луѓето да се чувствуваат добро, да знаат дека има многу добри лица на светот“ - вели низ солзи Селена на крајот на видеото.

Минатиот месец, Селена сподели фотографии од лузната и со кратка порака ѝ се заблагодари на Франсија. „Не постојат зборови со кои јас можам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна пријателка Франсија Раиса. Таа ми го даде ултимативниот подарок и се жртвуваше донирајќи ми бубрег. Многу сум благословена. Те сакам многу сестричке“ – напиша Гомез во описот на фотографиите.

Селена Гомез и Франсија Раиса Селена Гомез и Франсија Раиса
Tags
Селена Гомез
Франсија Раиса

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.