• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Сексуализира малолетнички, пее за жигосување и помовира педофилија: Балканот згрозен од спотот на контроверзен тиктокер, го приведоа во Србија

21 јули 2026, 12:11
  • cподели

Српски инфлуенсер и TikTok-креатор беше приведен поради музички спот кој предизвика бурни реакции во јавноста со содржината за која постојат сомнежи дека промовира педофилија и сексуална злоупотреба на малолетници.

Марко Радмановиќ, познат како Фараон, беше одведен на информативен разговор по објавувањето на видеозаписот за песната „Žig zveri“ откако беше објавено дека дел од видеото е снимено во детска игротека и содржи сцени, дијалози и стихови кои многумина ги оценија како кои се вознемирувачки и скандалозни.

Во спотот, кој сега е отстранет, се појавува икона со ликот на тиктокерот со натпис „Свети татица“, а на почетокот се слуша дијалог во кој девојче му се обраќа со зборовите: „Свети татице, не бев добра, ќе ме казниш ли?“, на што следува одговор: „Секако, душо“. 

Дополнително внимание предизвикаа и стихови во кои се споменуваат малолетни лица и реченицата: „На Бог се молат грешници, а на фараоните малолетници“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)

На социјалните мрежи беше покрената и петиција за гасење на профилите на Марко, а родители и бројни корисници изразија загриженост поради влијанието кое ваквата содржина го има врз децата и тинејџерите.

На профилот „Безбедност на децата на интернет“, стои податок дека деца на возраст од само 10 години ја препознавале песната и ја знаеле напамет.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FONDACIJA ZA BEZBEDNOST DECE NA INTERNETU (@bezbednost_dece_na_internetu)

Според српското МВР, припадници на Службата за борба против високотехнолошки криминал, во соработка со обвинителството, извршиле претрес во домот на Радмановиќ и привремено му ги одзеле мобилните телефони, компјутерите и другите електронски уреди за форензичко вештачење.

По неколкучасовниот разговор во полиција, Радмановиќ бил пуштен на слобода, додека истрагата продолжува. Тој на TikTok објави видео во кое тврди дека не е поднесена кривична пријава против него и дека инспекторите не пронашле докази за кривично дело.

„Три часа ме задржаа, ми ги одзедоа телефоните, лаптопите и хард-дисковите, го претресоа целиот стан. На крајот не најдоа ништо што упатува на кривично дело“ – изјавил тој и додал дека ќе ги тужи медиумите кои ширеле невистини.

Од српското МВР соопштија дека форензичкото вештачење на одземените уреди е во тек и дека обвинителството ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката по прибирањето на сите докази.

Во меѓувреме, неговиот TikTok-профил е деактивиран, а надлежните институции побарале отстранување и на спорната содржина од другите платформи, додека истрагата продолжува.

Tags
Марко Радмановиќ

Најнови

  • Мел Си од Spice Girls се омажи во венчаница од Викторија Бекам, свадбата како од бајките

    Tue, 07/21/2026 - 22:50
  • Скопје невреме

    Силно невреме во Скопје: Снимки покажуваат откорнати дрвја и покриви и оштетени автомобили

    Tue, 07/21/2026 - 21:05
  • Ги загуби двата сина, сопругот, братот и мајката во само 7 години: Трагичната приказна на индиската претседателка Друпади Мурму која е во посета на Македонија

    Tue, 07/21/2026 - 15:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.