• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Секоја чест: Македонската научничка Светлана Мојсов се закити со престижна награда од шпанското кралско семејство

28 октомври 2024, 08:10
  • cподели

Светлана Мојсов непрекинато реди успеси.

Македонската научничка ја доби престижната награда „Princesa de Asturias“ од шпанското кралско семејство. На церемонијата во Овиедо, Шпанија, на 76-годишната биохемичарка ѝ беше врачено признанието од принцезата Леонор, која ќе биде идна кралица на Шпанија.

Светлана Мојсов Светлана Мојсов Светлана Мојсов

Веста на социјалните мрежи ја објавија од македонската амбасада во Кралството Шпанија и амбасадорот Едмонд Адеми, кој беше поканет на настанот од Кралот Фелипе VI и Принцезата Леонор.

„На доделувањето на наградите ‘Princesa de Asturias’ во Овиедо, Светлана Мојсов, македонска хемичарка која живее и работи во САД е една од добитничките на престижната награда за 2024 година во категоријата за научно и техничко истражување... Наградата ‘Princesa de Asturias’ е една од најпрестижните награди што од 1981 година ги доделува Шпанското кралско семејство, односно наследникот на шпанскиот трон, Принцезата Леонор, која до преземањето на шпанскиот кралски трон ја носи титулата Принцеза на Астуријас“ – стои во текстот.

Светлана Мојсов

Мојсов, која е професор на Универзитетот Рокфелер во САД, ја дели наградата заедно со Џоел Хабенер, Даниел Џ. Друкер, Јенс Холст и Џефри Фридман. Нивните истражувања придонеле за „развивањето на ефективни лекарства за справување со дијабетес и дебелината, како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии“. Таков е на пример лекот „Оземпик“. Овие лекарства им го подобруваат квалитетот на живот на стотици милиони луѓе ширум светот.

Светлана Мојсов е првата Македонка која ја добива оваа престижна награда.

Светлана Мојсов

Наградата „Princesa de Asturias“ се доделува од шпанското кралско семејство на личности и организации кои имаат значителни постигнувања во науката, хуманитарните активности и јавниот живот. Таа се смета за шпанска варијанта на Нобелова награда.

Светлана Мојсов Светлана Мојсов Светлана Мојсов Светлана Мојсов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.