• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Секој момент е важен“ – „Божиновски часовници и накит“ со поддршка на месецот за борба против ракот на дојка

22 октомври 2019, 13:34
  • cподели

По пример на светските луксузни брендови и „Божиновски часовници и накит“ се приклучи во кампањата за подигнување на свесноста за ракот на дојката, преку брендирање на своите излози. Од компанијата велат дека на овој начин сакаат да направат дополнителен импакт за потребата од редовни контроли кои како превенција треба да ги направат жените.

„Единствено подобро од креативноста сама по себе е креативноста со некоја поголема цел. Преку брендирањето на нашите излози се обидовме часовникот, кој во принцип на нашите клиенти го нудиме како моден детал и статусен симбол, овој пат да го ставиме во функција на потсетник, кој под слоганот 'Секој момент е важен' има за цел да ги потсети жените за важноста од редовните превентивни прегледи во заедничката борба против ракот на дојката“, велат од „Божиновски часовници и накит“.

Божиновски часовници и накит Божиновски часовници и накит

Тие нагласуваат дека од особена важност им е нивниот излог да биде двонасочен и секогаш се трудат покрај класичното изложување на најновите колекции на часовници и накит, да пренесува и соодветни општествено одговорни пораки, а не само да привлекува погледи.

Покрај брендирањето на излозите од продажните салони на компанијата, секој ден по два часа, од 10.00 до 11.00ч. претпладне и 17.00 до 18.00ч. попладне до крајот на месецот ги означи како Розови моменти. Дел од средствата од сите продадени производи во тој временски период ќе бидат донирани на здружението за борба против рак на дојката „Борка“ за набавување на перики за жени на кои што им се потребни, а се од социјално загрозени семејства.

Божиновски часовници и накит Божиновски часовници и накит Божиновски часовници и накит

Овој заеднички проект на „Божиновски часовници и накит“ и Борка не завршува тука. Тие ни најавија уште изненадувања во месец ноември.

Tags
Божиновски часовници и накит

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.