• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Секогаш ќе бидам гласот на Македонија“: Тина Русева со награда и моќен настап на „Златна бубамара“

27 февруари 2026, 11:16
  • cподели
Тина Русева

Синоќа се одржа 29. издание на престижната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, која традиционално ги наградува најуспешните и најпопуларните имиња од домашната сцена.

Еден од највпечатливите моменти на вечерта беше настапот на младата пејачка Тина Русева, која специјално допатува од Германија за да присуствува на настанот.

Со нејзината изведба на песната „Не допирај ме“, оригинално изведена од легендарната Маја Оџаклиевска, таа ја освои пуликата. Нејзиниот силен вокал и емотивна интерпретација предизвикаа големи аплаузи и позитивни реакции.

Како признание за нејзиниот талент и брзиот подем на музичката сцена, Русева ја доби наградата за Најперспективна млада пејачка. При примањето на наградата, таа се обрати до публиката со емотивни зборови:

„Прегорда сум што бев дел од Гласот на Германија, па и од Гласот на Европа, но јас секогаш ќе бидам гласот на Македонија.“

Откако блесна на сцената, Русева за Фемина сподели:

„Импресиите се навистина силни. Целиот настан беше одлично организиран и на високо ниво. Ова признание го доживувам како голема одговорност, но и како поттик за понатамошен развој. Настапот пред толку реномирана публика беше чест и искуство што долго ќе го паметам.“

Тина Русева на Златна бубамара
Тина Русева на Златна бубамара
Тина Русева на Златна бубамара
Тина Русева на Златна бубамара
Тина Русева на Златна бубамара
Тина Русева на Златна бубамара
Тина Русева на Златна бубамара
Тина Русева на Златна бубамара

Фото: Благоја Цоканов / Femina.mk

Tags
Златна бубамара 2026
Тина Русева

Најнови

  • „Кој ги уби децата од Кочани? Има ли јунак да ги одбрани?“: Игор Џамбазов со силни зборови кои кршат срца на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 11:24
  • Тина Русева

    „Секогаш ќе бидам гласот на Македонија“: Тина Русева со награда и моќен настап на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 11:16
  • Музичката сензација Јаков Јозиновиќ доби награда на „Златна бубамара“ и ја освои публиката со „Оливера“ на Балашевиќ

    Fri, 02/27/2026 - 09:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.