• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Second-hand парчиња, креативност и одржливост: Прв „Циркулариум“ во Скопје Сити Мол

17 септември 2026, 11:02
  • cподели

Старите предмети добиваат нов живот, винтиџ парчињата нови сопственици, а одржливоста станува повод за дружење, креативност и забава. Токму тоа е идејата зад „Циркулариум“, нов настан кој за првпат ќе се одржи во Скопје Сити Мол.

Циркулариум

На 19 и 20 септември, највисокото ниво од катната гаража ќе се претвори во простор исполнет со second-hand и еко-производи, креативни работилници, различни иницијативи, музика и семејни активности.

Во сабота, на 19 септември, „Циркулариум“ ќе биде отворен од 12 до 22 часот, додека во недела, на 20 септември, посетителите ќе можат да го посетат од 12 до 20 часот.

Замислен како платформа што ги поврзува луѓето, организациите и бизнисите кои се залагаат за циркуларна економија и поодржлив начин на производство и живеење, настанот ќе обедини три различни, но меѓусебно поврзани искуства.

Во продажниот сегмент ќе бидат претставени користени, винтиџ и колекционерски предмети, како и еко-производи изработени од природни материјали и обновливи ресурси. Во фокусот е идејата дека предметите кои повеќе не ги користиме не мора да завршат како отпад и дека тие можат да добијат втора шанса, нов дом и нов сопственик.

Посебен дел од „Циркулариум“ ќе биде сегментот „Иницијативи“, каде што ќе се претстават организации, институции, здруженија, дизајнери, еко-активисти и други креативци кои преку својата работа придонесуваат за создавање поодржлива и поодговорна заедница.

Посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со нивните активности и идеи, да учествуваат во креативни работилници и работилници за поправка, но и да разгледаат изложби на студентски проекти и прототипи.

Третиот сегмент ќе биде посветен на размена на знаења, идеи и вештини поврзани со повторната употреба, екологијата и циркуларниот начин на размислување. Програмата ќе биде надополнета со забавни семејни активности, музика и пијалоци, па посетата на „Циркулариум“ е замислена и како можност за дружење и забава.

„Циркулариум го замисливме како своевидна прослава на second-hand движењето, предводена од поединци, организации и истомисленици. Па така, ова не е само настан на кој се купува и продава. Тој ќе биде платформа што ги поврзува луѓето што сакаат да дадат нов живот на нешто што веќе постои, оние што создаваат поодговорно и оние што имаат знаења и вештини што вреди да се споделат. Како свесен и одговорен retail, нашата цел е принципите на еколошката и социјалната одржливост да ги интегрираме во различни аспекти од нашето работење и да поттикнуваме промени што имаат позитивно влијание врз заедницата. Во таа смисла, особено сме горди што го иницираме и развиваме „Циркулариум“ како простор за создавање една нова, поодговорна заедница околу идејата дека одржливоста започнува со мали, но свесни избори“ - изјавуваат од Скопје Сити Мол. 

Во создавањето на првото издание на „Циркулариум“, Скопје Сити Мол поврза различни чинители кои директно или индиректно придонесуваат кон оваа тема, од поединци, хобисти, активисти и дизајнери, преку еко-бизниси и комерцијални брендови, до образовни институции, здруженија и организации кои професионално работат на зелената агенда.

Токму разновидноста е еден од важните елементи на концептот да се создаде отворен простор во кој различните пристапи кон одржливоста ќе се сретнат, ќе се разменуваат идеи и ќе се создаваат нови можности за соработка.

Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол ги следи глобалните практики на водечките шопинг-центри и се приклучува кон растечкиот тренд на свесен и одржлив retail. Целта е преку вакви настани да се подигнува свеста, да се поттикнува поодговорно однесување и заедницата да се инспирира кон поодржлив начин на живеење.

„Циркулариум“ е во согласност и со пошироката стратегија за одржливост на групацијата од која е дел Скопје Сити Мол, која во фокусот ги става грижата за луѓето, планетата и општеството.

Tags
Скопје Сити Мол
Циркулариум

Најнови

  • Циркулариум

    Second-hand парчиња, креативност и одржливост: Прв „Циркулариум“ во Скопје Сити Мол

    Thu, 09/17/2026 - 11:02
  • „Секоја сабота - празник“: Космонаутко носталгичен за детството во Скопје кога Луна парк, Југотон и ќебапчиња беа доволни за најголемата радост

    Thu, 09/17/2026 - 10:41
  • Дара Бубамара со 20 години помладиот дечко на црвениот тепих во Белград

    Thu, 09/17/2026 - 10:02
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.