• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Се запознаа случајно, таа не сака брак, а сега се неразделни: Златан Ибрахимовиќ со 11 години постарата партнерка на ЗОИ

10 февруари 2026, 09:21
  • cподели

Иако со години го освојуваше стадионот Сан Сиро како играч на Интер и Милан, Златан Ибрахимовиќ на свеченото отворање на Зимските олимписки игри не беше на теренот, туку во публиката. 

44-годишниот поранешен фудбалер пристигна во друштво на својата партнерка Хелена Сегер, која е 11 години постара од него. Парот веднаш го привлече вниманието со усогласени црни модни комбинации.

Ибрахимовиќ имаше и посебна улога во рамки на Олимписките игри. Поранешниот шведски репрезентативец ја носеше Олимписката бакла низ улиците на Милано, неколку часа пред официјалната церемонија.

Откако се заедно, Хелена му е силна поддршка на Златан.

Тие имаат интересна љубовна приказна. Иако многумина сметаат дека таа е со него поради славата и парите, тоа воопшто не е така. Уште пред да се запознаат, Хелена беше успешна бизнисменка, а денес нејзиното богатство е проценето на 160 милиони долари.

Парот се запозна сосема случајно во Малме. Тој имаше 21 година, а таа 32.

„Го остави своето Ферари лошо паркирано во Малме и го блокираше мојот Мерцедес. Не бев расположена и му се развикав да го мрдне автомобилот. Му реков веднаш да го тргне автомобилот и тој виде нешто што му се допадна“ – рекла таа за моментот кога се запознаа.

И покрај тоа што се заедно 20 години и имаат две деца, тие не се во брак.

„И јас имам важно минато. Стојам до Златан, но ја изградив мојата кариера со многу жртви. Не сакам да се омажам, бидејќи сакам да бидам независна и не сакам да ме етикетираат како жената на фудбалерот. За мене и вака е тешко, луѓето не знаат колку многу учев, работев и се борев“ – рекла таа во интервју.

Tags
Златан Ибрахимовиќ
Хелена Сегер

Најнови

  • „Животот е премногу краток за да не си дадете шанса“: Линдзи Вон со моќна порака по страшниот пад кој ѝ го прекина олимпискиот сон

    Tue, 02/10/2026 - 11:10
  • Блеска и во шестата деценија од животот: Анџелина Џоли во проѕирна креација на црвениот тепих во Париз

    Tue, 02/10/2026 - 10:18
  • Се запознаа случајно, таа не сака брак, а сега се неразделни: Златан Ибрахимовиќ со 11 години постарата партнерка на ЗОИ

    Tue, 02/10/2026 - 09:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.