• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Сè уште имам кошмари“: Мила Јовович објави дека имала итен абортус пред 2 години, кога била 4 и пол месеци бремена

15 мај 2019, 11:29
  • cподели

Мила Јовович го крена својот глас за правото на жените да имаат достап до безбеден абортус кога имаат потреба од него.

43-годишната актерка на Instagram за првпат сподели дека имала абортус пред две години, кога била 4 и пол месеци бремена. Процедурата била извршена во држава од Источна Европа, а таа вели дека сè уште има кошмари поради тоа.

Објавата на Мила била поттикната од предлог-законот на гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, со кој се забранува абортусот по 6-тата недела од бременоста. Само неколку часа по објавата на Јовович, Алабама изгласа закон со кој се забранува абортусот, освен ако не постои „сериозен ризик за здравјето на мајката“, без да се исклучат случаите на силување или инцест.

Мила Јовович

Не сакам да зборувам за политика и се обидувам да го правам тоа само кога навистина морам, а ова е еден од тие моменти.

Нашите права како жени да имаме безбедни абортуси од искусни доктори повторно се доведени во прашање. Минатиот вторник, гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, потпиша драконски предлог-закон кој ги забранува сите абортуси по шестата недела – пред најголем дел од жените да сфатат дека се бремени – вклучително и случаите на СИЛУВАЊЕ ИЛИ ИНЕЦЕСТ.

Абортусот е доволно тежок за жените на емоционално ниво, дури и ако не мора да го прават во потенцијално небезбедни и нехигиенски услови. Лично јас морав да поминам низ итен абортус пред две години. Бев бремена четири и пол месеци и снимав филм на локација во Источна Европа. Започнав предвреме да се породувам и ми рекоа дека морам да бидам будна во текот на целата процедура. Тоа беше едно од најужасните искуства низ кои некогаш сум поминала. Сè уште имам кошмари поради тоа. Бев сама и беспомошна.

Кога ќе помислам на фактот дека други жени можеби ќе се соочат со абортуси дури и во полоши услови од мене поради новите закони, стомакот ми се превртува.

Јас западнав во една од најлошите депресии во мојот живот и морав да работам екстремно напорно за да го пронајдам својот излез. Ја ставив мојата кариера на пауза. Се изолирав себеси со месеци и морав да покажувам сила пред моите две неверојатни деца. Започнав да се занимавам со градинарство, да се хранам поздраво и да посетувам фитнес сала секој ден, бидејќи не сакав веднаш да скокнам кон земање антидепресиви пред да ја испробам секоја друга алтернатива.

Фала му на Бога, јас можев да го најдам својот излез од тој личен пекол без да земам лекарства, но сеќавањето од она низ што поминав и она што го изгубив, ќе биде со мене до денот кога ќе умрам. Абортусот е најголемиот кошмар. Ниту една жена не сака да помине низ тоа. Но, ние мораме да се бориме за да ги задржиме нашите права да имаме безбеден абортус доколку ни е потребен. Никогаш не сум сакала да зборувам за ова искуство, но не можам да молчам кога влогот е толку голем.

Мила е мајка на две ќерки од бракот со режисерот Пол Андерсон.

Мила Јовович Мила Јовович
Tags
Мила Јовович

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.