Се сеќавате на Грдата Лети? Актерката денес има 44 години, мајка е на две деца и изгледа вака
Пред повеќе од една деценија, македонската публика уживаше во мексиканската теленовела „La fea más bella“ или кај нас позната како „Грдата Лети“.
Главната женска улога ѝ припаѓаше на Анхелика Вале. Мексиканската актерка денес има 44 години, мајка е на две деца и е во брак од 2011 година.
Неодамна, Анхелика присуствуваше на доделувањето на „Latin AMA's 2019“ во Холивуд, каде се појави во долга блескава тоалета.
Погледнете како изгледа денес.
Анхелика Марија, која е мајка на Вале во вистинскиот живот, е исто така позната актерка и глумеше нејзина мајка и во серијата „Грдата Лети“.
Анхелика Марија има глумено и во серијата „Росалинда“.