• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Се сеќавате на „Бафи, убиец на вампири“? Главните актери се обединија 30 години подоцна на сцената на Еми

15 септември 2026, 09:29
  • cподели

Верувале или не, годинава се одбележуваат 30 години од премиерата на првата епизода на хит-серијата „Бафи, убиец на вампири“.

За да ја одбележат годишнината, главните ѕвезди Сара Мишел Гелар и Дејвид Боријаназ се обединија на сцената на наградите Еми.

49-годишната актерка и 57-годишниот актер позираа заедно пред фоторепортерите на црвениот тепих, а на церемонијата зборуваа за нивните ликови Бафи и Ејнџел во популарната серија. Тие ја доделија наградата за Најдобар актер во споредна улога во лимитирана антологиска серија или филм.

Во изминатите години, актерската екипа на „Бафи“ се соочи со неколку големи загуби. Мишел Трахтенберг, која ја играше помладата сестра на Бафи, Доун Самерс, почина во 2025 година.

Оваа година починаа и Николас Брендон, познат по улогата на Ксандер Харис, како и Ентони Хед, кој го толкуваше Руперт Џајлс, еден од најпрепознатливите ликови во серијата.

„Дејвид и јас сакаме да признаеме дека изминатите две години беа тешки за нашата сакана екипа и целиот тим. Се чувствуваме многу среќни што ги познававме и работевме со толку неверојатни луѓе“ - рече Гелар.

По емотивниот момент, Гелар и Боријаназ ја вратија публиката во препознатливиот хумор од „Бафи“, шегувајќи се со необичната љубовна приказна на нивните ликови.

„Кога ќе размислиш, навистина е малку лудо, нели? Тинејџерка избрана од судбината да се бори против вампири, демони и силите на темнината, а потоа се вљубува во вампир со душа, кој со себе носи стотици години каење“ - рече Боријаназ.

Гелар се надоврза дека станувало збор за „многу, многу постар вампир со душа и болно каење за своето минато“, потсетувајќи дека Ејнџел во серијата бил стар дури 241 година.

„Отсекогаш мислев дека Бафи и Ејнџел на крајот ќе завршат заедно“ - рече Боријаназ.

„Па, претпоставувам дека нема да дознаеме“ - одговори Гелар, во шега која многумина ја протолкуваа како алузија на нејзиниот неодамна откажан обид за продолжување на серијата.

„Бафи, убиецот на вампири“ премиерно беше прикажана во 1997 година и се емитуваше седум сезони, до 2003 година. Серијата ја следеше тинејџерката Бафи, која, покрај секојдневниот живот и средношколските проблеми, имаше задача да го спасува светот од вампири, демони и други натприродни сили.

Tags
Сара Мишел Гелар
Дејвид Боријаназ

Најнови

  • Се сеќавате на „Бафи, убиец на вампири“? Главните актери се обединија 30 години подоцна на сцената на Еми

    Tue, 09/15/2026 - 09:29
  • Зендаја блесна во проѕирна креација со кристали на Еми, каде нејзиниот стилист откри: „Свадбата со Том Холанд допрва ќе се одржи“

    Tue, 09/15/2026 - 09:12
  • „Тина вистински ужива на плажа, со нас се и баба и дедо за помош“: Александра Јанева за првиот летен одмор со ќерката

    Mon, 09/14/2026 - 21:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.