• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Се породила предвреме за мажот ѝ да ја запознае нивната ќерка пред да умре

14 февруари 2012, 19:34
  • cподели

Дајен Олџер била на две недели пред породување кога заедно со својот сопруг решила дека нема време за чекање. На нејзиниот сопруг Марк му било кажано дека му преостануваат само неколку дена живот, а тој очајно сакал да ја запознае ќерката која растела во стомакот на Дајен.

Сакајќи да ја исполни последната желба на својот сопруг, Дајен одлучила да се породи предвреме со провокација и на 18 јануари ја родила малата Савана. На болничкиот кревет Марк 45 минути ја држел во рацете Савана, плачејќи. Три дена подоцна паднал во кома, а два дена потоа починал.

Марк и Дајен со своите децаМарк и Дајен со своите деца

На 52-годишниот Американец од Тексас во април му бил дијагностициран рак на дебелото црево. Веднаш по страшната дијагноза му била направена операција и како мерка за претпазливост шест месеци бил на хемотерапија. Семејството Олџер било пресреќно, бидејќи изгледало дека лекувањето е успешно.

Марк и Дајен

За жал, нивната среќа не траела долго. Во ноември минатата година Марк почувствувал проблеми со дишењето и неговата состојба започнала значително да се влошува. На почетокот на годината тој завршил на болница. Докторите му кажале дека поради хемотерапијата кај него се појавила болест која ги уништува белите дробови (пулмонална фиброза). На почетокот Дајен и Марк сметале дека тоа е уште еден проблем кој ќе треба да го надминат заедно, но на 16 јануари докторите им соопштиле дека болеста е фатална. Кога Дајен прашала колку време му преостанува, докторите ја шокирале со прогнозата од 5-6 дена.

„Марк рече: сакам да го видам бебето“ – изјавила Дајен за The Associated Press.

Иако 31-годишната мајка планирала породување по природен пат, кога докторите ѝ предложиле да се породи со провокација, таа веднаш прифатила.

Докторите подготвиле голема соба за породување во која на друг кревет лежел Марк. По породувањето, тој ја зел малата Савана и 45 минути ја држел во рацете. Во наредните неколку дена пред да падне во кома бил премногу слаб и успеал да ја прегрне својата ќерка само уште неколкупати.

Дајен признала за ABC News дека најтешкиот момент бил кога требало да им соопшти на децата дека Марк нема да живее уште долго. Додека Марк бил во кома, нејзиното десетгодишно дете ја прашало „Тато спие?“, а таа му одговорила „Не, тој е во кома“.

„Тој ме праша дали ќе преживее и му реков дека нема, а тој врисна. Потоа, моето осумгодишно дете рече: нема да имам татко“ – со солзи на очите раскажала Дајен.

Освен малата Савана, Дајен и Марк имаат уште две други заеднички деца, а Дајен има и две деца од претходна врска.

Марк починал на болничкиот кревет, а Савана лежела во неговите раце. „Срцето му забавуваше и дишењето му беше отежнато, па ја ставив во неговите раце и ја држев неговата рака додека не почина“ – изјавила Дајен во интервју за ABC.

Дајен и СаванаДајен и Савана

„Тој беше толку возбуден за неа... Тој ќе ѝ беше одличен татко“ – дополнила таа.

По смртта на Марк, пријателите и роднините ѝ помогнале на Дајен да го поправи покривот на нивната куќа, кој Марк планирал да го направи, но не успеал.

Дајен признава дека децата ја одржуваат во живот и ѝ даваат желба да продолжи напред.

Tags
стории
породување

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.