• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Се очекуваше Роман да зачекори во октомври, а тој веќе е на нозе“: Храбриот борец од Охрид е вистинско чудо

19 јуни 2026, 13:24
  • cподели
Роман Лескароски

Роман Лескароски повторно застана на нозе откако беше во инвалидска количка поради тешка операција на нозете, како и трансплантација на коскена срж.

Храброто момче од Охрид кое се бори со неколку тешки дијагнози моментално е на рехабилитација во клиника за роботика во Србија, од каде мајка му Ивана веќе ги објави првите резултати.

„Солзи, болка, нервоза, агонија, ноќи без сон борбата уште трае и патот е долг, но ова дете повторно се надмина себе“ – пишува Ивана во описот на видеото од нејзиниот син.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ivana Leskaroski (@ivana_roman_dejan)

Роман Лескароски
Роман Лескароски

Иако било очекувано Роман да застане на нозе дури во октомври, гордата мајка вели дека ова неверојатно упорно и храбро момче, со помош на лекарите и верба во Бог, веќе чекори, а дури и симнува скали со помош:

„Роман е вистинско чудо. Октомври се очекуваше да почне да чекори, но тој брза од кога е роден. Брзаше да се роди во шести месец, така брза и со сите негови опоравувања.“

Роман Лескароски
Роман Лескароски

Станува збор за поликлиниката „Неуромедик“, првиот и единствен центар за неврорехабилитација со помош на роботи, кој нуди интердисциплинарен пристап, иновативни и персонализирани висококвалитетни третмани од најновата генерација, користејќи 19 најсовремени роботизирани уреди.

Најдобрите резултати се постигнуваат благодарение на високо едуцираниот тим, кој секојдневно ги следи најновите медицински достигнувања во областа на неврологијата и неврорехабилитацијата.

Директорот Милан Ѓуриќ за Фемина изјави:

„Ние им обезбедуваме силна поддршка на пациентите, им овозможуваме континуирана повратна информација за нивниот напредок и создаваме пријатна, позитивна и мотивирачка атмосфера.

Секоја рехабилитациска програма претставува долго патување, но пациентите треба да бидат упорни, да го искористат својот максимален потенцијал и да ги остварат своите цели. Кога се мотивирани, напредокот може да биде значително побрз.

Сепак, напредокот на пациентот секогаш го ставаме на прво место. Дури и кога се соочуваат со тешкотии, губат надеж или мотивација, ние сме целосно посветени да им помогнеме повторно да се фокусираат на својата долгорочна цел – напредокот и подобрувањето на квалитетот на животот.

Роман Лескароски, кој е на рехабилитација во нашиот центар, постигна извонреден напредок за многу краток временски период. Во текот на терапевтскиот процес вежбаше на современи роботски уреди за рехабилитација на долните екстремитети – Walkbot, Lexo, Omego и Tygo, како и на апаратите за баланс и рамнотежа TYMO и BALO. Покрај тоа, секојдневно работеше и на тренинг за одење со поддршка од терапевт.

Резултатите ги надминаа сите очекувања – по само 10 дена интензивни терапии со роботски уреди, Роман успеа самостојно да направи чекори и да се потпира на сопствените нозе. Според неговите родители, прогнозите биле ваков напредок да се очекува дури во октомври.

Успехот на Роман претставува силна мотивација и доказ дека стручната рехабилитациска работа, упорноста на пациентот и примената на најсовремените технологии можат значително да придонесат за побрзо и поквалитетно закрепнување.

Горди сме што сме дел од неговиот рехабилитациски пат и се радуваме на секој негов нов чекор.“



Пред да заминат на рехабилитација во Србија, Ивана за Фемина, раскажа дел од голготата која ја поминуваат:

„Сепак е само дете кое има и тешки денови и мисли. Помислата дека никогаш нема да го наследи тато и дека нема да е фудбалер е како најголем удар за него... пливањето му е тоа кое му ја трга таа мисла, па секој ден кажува како еден ден ќе биде добар тренер или спортски коментатор, бидејќи е експерт за фудбалски статистики, трансфери и што уште не, информации од пред 50 години па до денес... и тоа го прави секој ден. Но, она што ние го научивме и што ни е како водич во цела оваа битка е тоа да не гледа никогаш на кој му е поубаво и е здрав, туку да е среќен и благодарен за тоа што имаме опција да се лекуваме, зошто некој цел живот ќе биде во кревет, а некој пак ја губи битката и умира.

Тој има можност да се бори и лекува и нема да се откажеме до последен здив. Ова секој ден го повторуваме заедно со него и кога се присутни тие тешки и лоши денови, ова го води. Премногу работиме со него како родители, имаме помош од неговиот духовен отец и исто така, кога и да посака, го носиме да разговара со психолог“.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Роман Лескароски

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • Прирачник против врсничко насилство

    Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“

    Fri, 07/10/2026 - 14:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.