• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Сè може да почека, само твоето здравје НЕ!“: Сузана Турунџиева со моќна порака која секој треба да ја прочита

28 октомври 2025, 11:10
  • cподели

Поради брзиот начин на живот и секојдневните трчаници, многу често забораваме да се грижиме за себе и за нашето здравје.

Сузана Турунџиева со моќна порака допира до илјадници свои фанови, советувајќи ги да престанат да се натпреваруваат со животот и да се стават себеси на прво место.

„Сè може да почека, само твоето здравје НЕ“ – пишува македонската пејачка.

Сузана Турунџиева

Еве ја во целост нејзината порака:

Трчаш за на работа...

Трчаш да се вратиш од работа...

Трчаш да најдеш и дополнителна работа...

Трчаш да платиш сметки, рата за кредит, летување за децата... Школување... Курсеви, секции...

Трчаш да испазариш, да зготвиш, да пречекаш и испратиш гости...

Трчаш по состаноци, настани, „битни“ средби... Ги оставаш „на чекање“ најважните луѓе во твојот живот, за некои наводно „значајни“ настани...

Трчаш и никако да истрчаш насекаде.

До каде, до кога?! Зошто?!

Престани да се натпреваруваш со животот, успори малку, земи душа, преиспитај се и откриј на колку СÈ места НЕ МОРАШ ДА БИДЕШ... Намали си го малку товарот кој сам(а) си го качил(а) на твојот грб... Престани да мислиш на СÈ и на СИТЕ, СЕКОГАШ! НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА СЕ СТАВИШ СЕБЕСИ НА ПРВОТО МЕСТО, особено ако од тебе зависат и други членови во семејството!

Запамти!!!

СÈ може да почека, само твоето здравје НЕ!

Закажи прегледи и грижи се за твоето здравје, НАЈПРВО ЗА СЕБЕ, после за сè останато!

Сузана Турунџиева Сузана Турунџиева

Пред неколку дена, Сузана напиша уште една силна порака на Facebook.

Кога нештата не одат според твојот замислен план, не заборавај дека животот има специјален "индивидуален " план за тебе... И ќе те однесе на вистинскиот пат тогаш, кога твојот ум и тело ќе бидат подготвени за тоа... Не ТИ кога сакаш!
Затоа полека... Дај си себеси време и трпение и не заборавај дека добрите промени изискуваат од тебе длабока верба, силна волја и упорна работа на себе...

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Државна лотарија

    Новогодишен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван на Државна лотарија

    Thu, 01/08/2026 - 11:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.