• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Сè изгледаше како сон од кој не сакав да се разбудам“: Александра од Свети Николе за романтичниот предлог за брак пред Ајфеловата кула

23 јули 2026, 10:21
  • cподели

Има моменти во животот кои се толку совршени што навистина личат како од фантазија. 

Најголемиот сон на Александра Трајчева од Свети Николе стана реалност, кога нејзиниот партнер Петар Митев клекна на едно колено во Париз и ѝ предложи брак.

24-годишната девојка за Фемина сподели дека цел живот сонувала дека овој момент ќе ѝ се случи токму во француската метропола, а нејзиниот избраник се погрижил тоа да биде на најромантичниот можен начин.

Петар ја запроси Александра на локација со одличен поглед на Ајфеловата кула. Местото беше украсено со стотици црвени рози, а во средина на огромно срце пишуваше: „Ќе се омажиш ли за мене?“.

Уште од мала сонував за Париз – градот на љубовта, светлината и магијата. Отсекогаш сакав токму тој момент да го доживеам во Париз, а животот ми приреди повеќе отколку што можев да посакам.

Во тие неколку секунди моите емоции беа измешани – среќа, возбуда, љубов, изненадување… Сè изгледаше како сон од кој не сакав никогаш да се разбудам. Атмосферата беше толку магична што секој детаљ ќе остане врежан во моето срце засекогаш.

Во мигот кога Ајфеловата кула почна да свети, како да светна и мојот свет. Заедно со нејзините илјадници светилки, заблеска и дијамантот на мојата рака – симбол на една нова животна приказна што токму тогаш започна.

Без двоумење го кажав моето најискрено „ДА!“. Во тој момент знаев дека покрај себе го имам човекот со кој сакам да ги поминам сите идни денови, сите радости и сите предизвици што животот ќе ни ги донесе.

Tags
предлог за брак

Најнови

  • Њуборн Клиника

    Пред да изберете ИВФ клиника, прашајте за лабораторијата: разговор со ембриолог

    Fri, 08/14/2026 - 14:39
  • Носталгија и емоции: Професори и родители ги расплакаа матурантите со спомени и предмети од детството

    Fri, 08/14/2026 - 14:18
  • Живкица Каленикова

    Се пошегува дека е луда и на 48 години и скијаше на вода: Живкица Каленикова во нова авантура

    Fri, 08/14/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.