Шармантни дами: Ева Лонгорија и Изабела Монер на премиерата на филмот за „Дора истражувачката“
Ева Лонгорија и Изабела Монер шармираа на премиерата на нивниот заеднички филм „Dora and the Lost City of Gold“.
На филмскиот настан во Лос Анџелес, 44-годишната холивудска ѕвезда се појави во жолт елегантен фустан од Vitor Zerbinato, додека 18-годишната Изабела блескаше во бела креација од Rodarte.
Во филмот, Изабела ја толкува улогата на истражувачката Дора, а Ева ја глуми нејзината мајка Елена.
„Каква мајка, таква ќерка“ – напиша Ева во описот на фотографија со Изабела.