Каи Трамп мамеше погледи на црвениот тепих на доделувањето на ESPY Awards.
На престижните годишни спортски награди во Њујорк, внуката на претседателот Доналд Трамп буквално блескаше во златна креација со шлиц.
19-годишната девојка за првпат беше дел од оваа манифестација и не криеше дека малку има трема, но и дека е многу возбудена.
Минатиот месец, Каи му го честиташе роденденот на дедо ѝ Доналд со објавување на заеднички фотографии.
„Среќен 80-ти роденден дедо. Те сакам многу“ – напиша таа.
Каи е најстарото дете на Доналд Трамп Јуниор (најстариот син на Доналд) и неговата поранешна сопруга Ванеса. Таа е талентирана и посветена голферка. Често учествува на турнири, а има и свој YouTube канал каде што објавува содржини поврзани со голф, благодарение на што има стотици илјади следбеници на социјалните мрежи.