Шарлиз Терон проговори за поголемото дете Џексон: И јас мислев дека е момче додека на 3 години не ми рече „Не сум момче“
Шарлиз Терон за првпат проговори за шпекулациите околу половата идентификација на нејзиното поголемо дете Џексон. Славната актерка сподели дека го прифати Џексон како девојче откако на 3-годишна возраст ѝ рекло дека не се чувствува како момче.
„Да, и јас мислев дека е момче. До моментот кога таа ме погледна кога имаше 3 години и ми рече: Не сум момче!“ - рекла таа во интервју за DailyMail.
Шарлиз го претстави Џексон пред светот како свој син кога го посвои во март 2012 година. Три години подоцна, таа посвои и девојче.
„Па ете! Имам две прекрасни ќерки, кои, како и секој родител, сакам да ги заштитам и да ги гледам како напредуваат. Тие се родени она што се и не е мое да одлучувам каде точно ќе се пронајдат во светот кога ќе пораснат. Мојата работа како родител е да ги сакам и да се потрудам да имаат сè што им е потребно за да бидат она што сакаат да се“ - рекла таа.
Терон вели дека на нејзините ставови и гледишта на животот најмногу влијаела мајка ѝ. „Можете да ја обвините мајка ми што не знам поинаку. Израснав во држава каде луѓето живееја со полувистини и лаги и шепотења и никој не зборуваше отворено, а јас бев растена специфично да не бидам таква. Мајка ми ме учеше да зборувам гласно“ - вели таа.