Сандра Кирков се „врати“ во студентските денови.
Македонската блогерка, која на Instagram ја следат повеќе од 40 илјади обожаватели, го посети бајковитиот Дубровник и ги сподели своите импресии со следбениците.
Кирков објави фотографии од живописните улици, историските градби и прекрасните погледи кон морето, откривајќи дека овој град за неа има посебно значење.
„Каде и да тргнеш ќе завршиш на убаво место. Да свртиш лево наместо десно, да залуташ по некоја уличка и да не си оптеретен со ништо. Обично таму е најубавото“ – напиша таа и додаде дека Дубровник е еден од ретките градови каде никогаш не брза и каде ужива во долгите прошетки, доброто кафе и чашата вино.
Сандра се потсети и на периодот кога живеела и студирала во хрватскиот град.
Реков дека ќе се трудам барем еднаш годишно да доаѓам како турист но тешко е така да го доживееш местото каде што си живеел, студирал и создавал спомени што сеуште траат. 🥰💘
Понекогаш не патуваме за да откриеме нови места. Патуваме за да се потсетиме кои сме биле кога сме биле во еден од најсреќните периоди од животот. 🌊⛅️🩵 – напиша таа.