• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Самохраната мајка на првите близначки со Даунов синдром во регионот на нивниот 18. роденден: „Секој тежок момент вредеше“

20 август 2026, 10:38
  • cподели

Животната приказна на Сара Беро е приказна за мајчинска љубов, сила и истрајност.

Самохраната мајка од Црна Гора, која ги израсна Илда и Ирма, првите близначки со Даунов синдром во регионот, сега има уште една причина за гордост – нејзините девојки станаа полнолетни.

Сара сподели фотографии од прославата на која близначките позираат во бели фустанчиња покрај помалата сестричка.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sara Bero (@berosara_official)

По тешкото породување и деновите поминати во кома, Сара се соочила со дијагнозата и со сурови совети дека треба да ги остави своите ќерки во болница. Наместо тоа, таа избрала да остане покрај нив и цели 18 години ја гради и ќе продолжи да ја гради нивната приказна исполнета со љубов, борба и безусловна посветеност.

Денес, кога ги гледа своите ќерки насмеани и среќни, вели дека секој тежок момент вредеше. По повод нивниот 18. роденден, Сара објави и емотивна порака во која се присети на годините кои ги поминале заедно и им се заблагодари на сите кои биле дел од нивната радост.

18 години љубов која победи сè. ❤️

Ова не е само прослава на полнолетството. Ова е круна на 18 години бескрајна, безусловна и лавовска љубов.

Денес, кога ги гледам вака големи, убави и насмеани, знам дека секој тежок момент вредеше. Нивните очи зборуваат повеќе од илјада зборови – зборуваат за љубов, сила, победа и за сè што заедно поминавме.

Но, овој ден не им припаѓаше само нам. ❤️

Од срце сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои бевте дел од нашата радост. Ви благодарам за илјадниците пораки, повици, честитки, прегратки и убави зборови кои ни пристигнаа од сите страни.

Посебна благодарност до сите драги луѓе кои со своето присуство ја збогатија оваа прослава и направија нивниот 18. роденден да биде ден кој ќе го паметиме цел живот. Ви благодарам што бевте покрај моите девојчиња и што заедно со нас го прославивте нивното полнолетство.

Благодарам и на сите кои на кој било начин придонесоа оваа вечер да биде толку посебна.

Едвај чекам да споделам со вас сè...

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Сара, која живее во Подгорица, забременила на само 19 години, а како што раскажува, бременоста била целосно уредна и ништо не укажувало дека нејзините девојчиња ќе имаат потешкотии во развојот. Таа се породила во седмиот месец од бременоста, а породувањето било исклучително тешко и таа два дена била во кома.

По околу 40 дена, лекарите ѝ ја соопштиле дијагнозата која засекогаш ѝ го променила животот.

„Генетичар ми кажа дека имам близначки со проблеми во развојот, дека нема да можат да зборуваат, ниту да го прават она основното. Ми рекоа: ‘Вие сте млада, треба да ги оставите во болница, тие вас не ви требаат за ништо. Таквите деца се оставаат’“ - раскажала Сара.

Денес, Сара вели дека нејзините ќерки се исполнети со љубов, внимание и топлина која не може да се опише со зборови.

Tags
Сара Беро

Најнови

  • Ведана Рудан и Северина

    „Ведрана моја, хероино без влакна на јазикот“: Северина се прости од Ведрана Рудан

    Thu, 08/20/2026 - 23:50
  • Ресет

    Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

    Thu, 08/20/2026 - 11:41
  • Самохраната мајка на првите близначки со Даунов синдром во регионот на нивниот 18. роденден: „Секој тежок момент вредеше“

    Thu, 08/20/2026 - 10:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.