• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Ми рекоа да ги напуштам ќерките затоа што имаат Даунов синдром“: Мајка од Црна Гора со емотивна исповед

14 мај 2026, 10:30
  • cподели

Животната приказна на Сара Беро никого не остава рамнодушен. Самохраната мајка на првите близначки со Даунов синдром во регионот отворено проговори за најтешките моменти низ кои поминала по породувањето, но и за безусловната љубов кон своите 17-годишни ќерки Илда и Ирма, кои денес ги нарекува „смислата на животот“.

Сара, која живее во Подгорица, забременила на само 19 години, а како што раскажува, бременоста била целосно уредна и ништо не укажувало дека нејзините девојчиња ќе имаат потешкотии во развојот. Таа се породила во седмиот месец од бременоста, а породувањето било исклучително тешко и таа два дена била во кома.

По околу 40 дена, лекарите ѝ ја соопштиле дијагнозата која засекогаш ѝ го променила животот.

„Генетичар ми кажа дека имам близначки со проблеми во развојот, дека нема да можат да зборуваат, ниту да го прават она основното. Ми рекоа: ‘Вие сте млада, треба да ги оставите во болница, тие вас не ви требаат за ништо. Таквите деца се оставаат’“ - раскажала Сара.

Нејзиниот татко, кој тогаш бил покрај неа, останал шокиран од зборовите на докторите.

„Дали сте вие нормални? Моите внуки да растат во дом?“ – им возвратил тој.

По породувањето, Сара била скршена и му рекла на татко ѝ: „Кога Бог даваше среќа, заборави на мене.“

Но, неговиот одговор ѝ дал сила да продолжи понатаму.

„Бог им ги дава најголемите искушенија на најјаките луѓе. Тој нè избра нас затоа што знае дека ќе ги пазиме, ќе ги сакаме и ќе ги чуваме. Немој да се грижиш, тато е тука. Сè ќе биде во ред“ – ѝ рекол тој.

Денес, 17 години подоцна, Сара вели дека нејзините ќерки се исполнети со љубов, внимание и топлина која не може да се опише со зборови.

„Најважно ми е тие да се среќни и никогаш да не видам солзи на нивните лица“ – вели Сара, која има уште една помала ќерка.

„Моите прекрасни сестри, јас ги сакам и чувам како очите во главата“ – вели Ина за своите сакани сестри.

Сара денес е претседателка на здружението „Љубов за љубов“, прво во Црна Гора кое работи со деца и лица со Даунов синдром. Покрај тоа, има и свој бизнис и бренд за парфеми, а секојдневно јавно зборува за важноста од прифаќање и емпатија.

„Кога со девојчињата ќе влезев во игротека или јавен простор, луѓето нè гледаа како вонземјани. Сакав да им објаснам дека Дауновиот синдром не е ништо страшно и дека на овие деца најмногу им треба љубов“ – вели Сара.

Во една од нејзините најемотивни објави пишува:

Имав избор…

Можев да заминам, да ве оставам, да бидам некој друг.
Но, јас ве избрав вас.
Полни 17 години борба, љубов, жртвување и сила.
Имаше денови кога беше тешко… претешко.

Но, никогаш не се откажав.

Нека зборуваат што сакаат, но едно не можат —
не можат да ја намалат мојата жртва и љубовта што ви ја дадов.
Сè што денес имате и каде што сте,
израсна од таа борба.

И повторно би го избрала истото. 🫀🫀

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by UNA TELEVIZIJA (@unatelevizija)

Tags
Сара Беро
Даунов синдром

Најнови

  • „Ми рекоа да ги напуштам ќерките затоа што имаат Даунов синдром“: Мајка од Црна Гора со емотивна исповед

    Thu, 05/14/2026 - 10:30
  • „Семејство засекогаш“: Вин Дизел силно ја прегрна ќерката на покојниот актер Пол Вокер по нивното обединување во Кан

    Thu, 05/14/2026 - 09:50
  • „Среќен роденден на најубавата жена во мојот живот“: Дарко Илиевски емотивен и заљубен на роденденот на сопругата

    Thu, 05/14/2026 - 08:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.