• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Самохрана мајка им се обрати на сите кои ја осудуваат поради бесните деца

2 септември 2016, 10:10
  • cподели

Секоја добра мајка го прави она што смета дека е најправилно за децата, но и покрај тоа, може да стане мета на зајадливи коментари и осудувачки погледи. Алисон Брадрс преку моќен пост им возврати на сите оние кои ѝ зборуваат зад грб без воопшто да ја познаваат и кои го осудуваат начинот на кој ги воспитува своите деца.

Младата самохрана мајка била поттикната да го напише тестот откако за време на пазарување во маркет луѓето започнале да ѝ дофрлуваат и да го коментираат непристојното однесување на нејзините две мали дечиња. Таа на Facebook објави фотографија на која плаче и во описот напиша:

Алисон

Ова е мајчинството.

Без фенси филтри, без добро осветлување, без нов кармин. Тоа е хаотична коса која е влажна од дождот, шминка од претходниот ден која бев толку уморна да ја измијам и солзи.

Мајчинството е ТЕШКО. Да бидеш самохрана мајка е ТЕШКО. Овие солзи започнаа да извираат кога касиерката во Giant Eagle ми ја подаде сметката и продолжија да течат целиот пат до дома. Солзи кои се пренесоа на мојот постар син, бидејќи тој не сака да ја гледа мајка си како плаче. Сите знаеме колку многу момчињата ги сакаат своите мајки.

Видете, моите две русокоси, синооки дечиња со ангелски лица, не се однесуваа многу ангелски денес. Беше 8 часот наутро и ние бевме излезени за да купиме млеко. Отидовме до маркетот, бидејќи ако ги познавате моите деца, ќе знаете дека тие преживуваат само на чоколадно млеко. Но, денес го немаа. Моето помало дете плачеше речиси целото време додека бевме во продавницата. Не сакаше да седне во количката, не сакаше да биде врзано со појас, сакаше да ги чува сите производи во скутот. Се разлути. Ја фрли својата чевла, го фрли мојот паричник, ги фрли трите производи кои му ги береше во скутот. Плачеше, а луѓето зјапаа. Сè e во ред, можам да се справам со тоа.

Мојот тригодишен син сакаше да биде супермен и да стои на количката за пазарување. И тоа беше во ред. Му кажав да се држи и да стои исправен. Не ме послуша. Падна, се наведна наназад и ги турна работите од полиците. Се наведна назад и се чукна во непознат човек. Тогаш го натерав да се симне. Одеше многу понапред од мене и ги отвораше сите фрижидери кажувајќи ми ги сите нешта кои сака да ги купи. Се обидов да се справам со тоа. Застанав повеќепати за да се смирам себеси и своите деца. Жената поради која застанав и се тргнав настрана зјапаше во мене, бидејќи се движев во погрешен правец. Требаше да биде зад мене, а не пред мене. Немаше зборови, само гневен поглед. Се обидов да се справам со тоа.

И тогаш видовме балони. Ох, колку многу моите деца сакаат балони. Тие ги сакаа големите кои чинат 8 долари. Направив компромис. Ќе земеме еден балон и ќе го споделуваме. Се согласија. И двајцата рекоа „ќе споделуваме“ и се смееја додека јас го одбирав најголемиот балон со Мики Маус кој го имаа. Но, додека да платиме, тие одлучија дека не сакаат да го делат балонот. Врескаа, плачеа и се тепаа. Му го подадов балонот на друг касиер за да го врати назад, а тие започнаа да плачат уште погласно. Моето помало дете ги притискаше копчињата на ПОС терминалот, додека постариот син си земаше бонбони. Луѓето во редицата зад мене зјапаа. Касиерката зјапаше. Очите на сите беа вперени во мене како да сакаа да речат „не можеш да ги контролираш сопствените деца“. Еден постар господин шепотеше „таа е прилично млада за да има две деца“. Не можев да издржам повеќе. Таа ми ја подаде сметката и почнав да плачам. Тие не ме познаваат. Не знаат каква сум како мајка. Не ги знаат моите деца. Не знаат дека бев мажена пред да основам семејство. Не знаат дека го напуштив тој брак поради насилство, знаејќи дека ќе ми биде исто толку тешко како самохрана мајка. Тешко е. Погледите, шепотењата и осудувањата се тешки.

Понекогаш можам да ги контролирам децата, а понекогаш не можам. Некогаш слушаат, а некогаш не. Некогаш можам да издржам, а некогаш се распаѓам. Знам дека ваквите денови ќе поминат, солзите ќе запрат, тепачките ќе престанат и моите бебиња ќе пораснат. И тоа ќе биде тешко. Па, ако видите родител кој се мачи, ако видите дете кое беснее, ако видите мајка која е на работ да се расплаче... ве молам кажете нешто убаво. Ве молам не зјапајте со осудување. И до сите мајки кои имаат ден како мојот: ве гледам, ве препознавам, ве сакам. Вие сте силни и се снаоѓате одлично.

Бентли и Леви Бентли и Леви Алисон со синчето

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.