• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Само затоа што обожавам да сум мајка, не значи дека не ми недостигаат безгрижните денови“

10 мај 2024, 12:12
  • cподели

Мајките понекогаш чувствуваат вина само затоа што со носталгија гледаат на деновите кога биле слободни и безгрижни и кога се грижеле само за себе. Општеството честопати ги осудува мајките кои ги споделуваат своите борби, потсетувајќи ги дека треба да бидат благодарани што ја добиле најважната улога во животот.

Кејси Хаф го тврди спротивното. Талентираната авторка ги уверува мајките дека е во ред да чувствуваат повеќе емоции истовремено. Како мајка на три деца, таа совршено знае дека може да се чувствува благословено со улогата на мајка и истовремено да копнее по деновите кога била сама.

Кејси Хаф

Само затоа што обожавам да сум мајка, не значи дека понекогаш не ми недостигаат безгрижните денови кога се грижев само за мене.

И само затоа што чувствувам носталгија за тие денови, не значи дека некогаш ќе ги оставам моите деца.

Само затоа што зборувам за тешките делови од мајчинството – деловите кои ме држат будна навечер и прават силно да плачам – не значи дека не вреди сето ова.

И само затоа што знам дека вреди, не значи дека понекогаш не е навистина претешко.

Само затоа што велам дека бракот е многу потежок отколку што некогаш си замислував дека ќе биде, не значи дека не би го избрала мојот сопруг повторно и повторно во милиони различни животи.

И само затоа што го сакам, не значи дека немаме болки кои понекогаш е тешко да ги игнорираме.

Само затоа што сум многу, многу благодарна за бесконечните благослови кои ми се дадени, не значи дека не смеам да бидам фрустрирана што куќата никогаш не ми е чиста и што животот ми изгледа толку неорганизиран.

И само затоа што понекогаш сум исцрпена и преморена од сите тие работи, не значи дека не сфаќам колку голема среќничка сум.

Можеме да ги чувствуваме двете работи, мамички. Можеме да ги чувствуваме СИТЕ работи.

Една емоција не ја исклучува другата.

Барањето издувен вентил не нè прави неблагодарни.

Плачењето не нè прави слепи за убавината.

Тоа што се бориме не значи дека сме премногу слаби за да ја издржиме тежината на оваа луда улога исполнета со грижи, емоции и моменти кои ни го одземаат здивот.

Само затоа што обожавам да сум мајка, не значи дека понекогаш не ми е тешко.

И само затоа што е тешко, не значи дека некогаш ќе се предадам.

Кејси Хаф

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.