• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Шакира е во врска со актерот Лусиен Лависконт, пријателите се плашат дека ќе ѝ го скрши срцето

4 април 2024, 07:04
  • cподели

По неколкудневните шпекулации, британскиот медиум DailyMail потврди дека Шакира е во врска со актерот Лусиен Лависконт.

Новиот славен пар се зближи на снимањето на спотот за песната „Puntería“, по што беше фотографиран на вечерно излегување во Њујорк.

Оваа вест ја потврдил анонимен извор близок до 47-годишната пејачка, кој изјавил дека пријателите се плашат дека 31-годишниот актер од серијата „Emily in Paris“ ќе ѝ го скрши срцето.

Шакира и Лусиен Лависконт

„Шакира е очајна за да се заљуби, но нејзините пријатели се загрижени, бидејќи Лусиен бавно се искачувал на скалата на славните излегувајќи со жени кои биле помалку познати од Шакира“ – рекол изворот.

„Жените со кои бил се сите многу различни. Сега тој се гледа со Шакира и таа сака љубов. Но, нејзините пријатели се плашат дека тој само сака луѓето да го знаат неговото име и оваа врска му го овозможува токму тоа“ – стои во изјавата.

Шакира и Лусиен Лависконт Шакира и Лусиен Лависконт Шакира и Лусиен Лависконт Шакира и Лусиен Лависконт Шакира и Лусиен Лависконт Шакира и Лусиен Лависконт

Шакира претходно 11 години беше во врска со Жерар Пике со кого има две деца. Парот раскина во 2022 година, по гласините дека тој ја изневеруваше со Клара Чиа Марти, која сега му е девојка.

Шакира и Лусиен Лависконт Шакира и Лусиен Лависконт

Најнови

  • Пинк возврати на лажната вест дека се разведува по 20 години брак: „Благодарам што ми кажавте, кажете им и на моите деца“

    Fri, 02/27/2026 - 09:09
  • Весна Алексовска

    „Коските ми пукаа дури и од обично гушкање“: Весна Алексовска искрено за животот со ретка болест

    Thu, 02/26/2026 - 15:00
  • Бил Гејтс призна дека ја изневери бившата сопруга Мелинда со две Русинки, се извини за поврзаноста со Епстин

    Thu, 02/26/2026 - 14:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.