• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Сакам да бидам секси мајка“: Џенифер Лоренс потврди дека си направила пластична операција по раѓањето на второто дете

28 октомври 2026, 13:49
  • cподели

Џенифер Лоренс отворено проговори за естетската операција на која се подложи по втората бременост и откри дека сака да се чувствува привлечно и во улогата на мајка.

36-годишната актерка во интервју за „The Cut“ потврди дека си ги зголеми градите, а зборуваше и за планираните естетски корекции.

„Сакам да бидам секси мајка“ – изјави Лоренс, објаснувајќи дека сака да изгледа како жена која има сè под контрола, дури и кога штотуку се разбудила и сè уште не е подготвена за денот.

„Кога ги носам децата на училиште, сакам да изгледам како жена која има сè средено, дури и кога штотуку сум станала и немам сè средено“ – додаде таа.

Џенифер, која со сопругот Кук Марони има два сина, претходно откри дека нејзиното тело значително се променило по втората бременост. Додека по раѓањето на првото дете забележала дека телото речиси целосно ѝ се вратило како пред забременувањето, по втората бременост тоа не било случај.

Ѕвездата од „The Hunger Games“ откри дека интервенцијата ја направила пред снимањето на филмот „What Happens at Night“ на режисерот Мартин Скорсезе, во кој имала сцени за кои требало да се соблече пред камерите.

Иако филмските сцени биле дополнителен мотив за операцијата, актерката вели дека веројатно би се одлучила на истиот чекор и доколку не ја очекувала таа улога.

Освен за зголемувањето на градите, Лоренс зборуваше и за можноста во иднина да направи фејслифтинг. Претходно, таа имаше споделено дека користи ботокс во мали количини.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jennifer Lawrence (@jlaw)

Џенифер и Кук стапија во брак во октомври 2019 година. Тие ги добија синовите по два спонтани абортуси.

 Џенифер Лоренс

Tags
Џенифер Лоренс

Најнови

  • Блогерката Јована Трајковска стана мајка, доби синче кое се вика Матиас

    Wed, 10/28/2026 - 22:11
  • Живко Мукаетов

    „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат Top Employer 2026

    Wed, 10/28/2026 - 15:33
  • Првиот танц, венчавка со децата, насмевки... Свадбеното видео на д-р Злате Мехмедовиќ и адвокатката Маја Ристова

    Wed, 10/28/2026 - 15:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.