• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

„Ружа са југа“: Спотот на Бобан Рајовиќ за песната посветена на Македонија снимен на наши прекрасни локации

27 мај 2026, 10:55
  • cподели

Музиката не познава граници, а кога е создадена со чиста емоција и искрена љубов, таа допира директно до срцето. 

Бобан Рајовиќ својата најнова песна „Ружа са југа“ ја посвети на Македонија, земјата која, како што вели самиот, одамна ја носи во својата душа.

Зад оваа прекрасна балада се крие приказна која тлеела со години. Инспирацијата за песната потекнува уште од неговото детство во Данска, каде растел и се дружел со Македонци, од каде ја понел и фасцинацијата од нашиот менталитет, топлина и гостопримство.

„Луѓето кои никогаш не биле во Македонија мораат да дојдат овде. Во моментот кога ќе зачекорат на македонска почва ќе почувствуваат една душа, една емоција, едно гостопримство. Сето сум го почувствувал секогаш кога сум дошол овде. Имам многу македонски пријатели и долго, долго размислував за песна за Македонија или песна во која ќе се споменува Македонка. Се надевам дека луѓето низ „Ружа са југа“ ќе ја почувствуваат душата на оваа земја, мојата душа, а низ спотот ќе ги видат и преубавите предели. Едноставно морав да го направам ова затоа што долго ми лежеше на срцето“, вели Рајовиќ.

 

Спотот е снимен на прекрасни локации во Галичник, Охрид, Свети Николе и Кавадарци.

Главната женска улога во видеозаписот ја доби македонската манекенка Ангелина Китановска, која Рајовиќ лично ја избрал и која, како што вели, се издвоила по својата природна убавина.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Boban Rajović (@rajovicboban)

 

Tags
Бобан Рајовиќ

Најнови

  • Бременоста ја чуваше во тајност, бебето го крсти по себе... Манекенката Александра Накова го роди второто дете

    Wed, 09/02/2026 - 15:01
  • Маја Кикириткова, Антонијо Милошоски, Пере Нокаут... Еве кои познати Македонци за првпат ги испратија децата во училиште

    Wed, 09/02/2026 - 14:03
  • Уникатно и романтично: Ја запроси саканата на 71. кат додека надвор леташе хеликоптер со натпис „Дали ќе се омажиш за мене?"

    Wed, 09/02/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.