• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Русинката со тело на билдер: „Луѓето ме знаат како Мускулеста Барби“

17 февруари 2015, 17:16
  • cподели

Фотографиите од Јулија Винс пред година и половина го обиколија светот и оттогаш младата Русинка привлекува големо внимание со невообичаениот изглед.

18-годишната девојка поседува нежно, женствено лице и силно, мускулесто тело кое потсетува на билдер. Кревањето тегови е нејзина омилена активност, а од неодамна таа започна и да се натпреварува.

„Луѓето ме знаат како мускулестата Барби... Поради лицето, отсекогаш ми велеле дека личам на кукла. Имам големи убави очи и се шминкам, но во исто време сум силна. Сакам да станам колку што е можно поголема“ – изјавила таа за Daily Mail.

Јулија Винс Јулија Винс Јулија Винс

Откако Винс стекна „интернет слава“, постојано добива најразлични коментари. „Секој има свое мислење за мојот изглед. Или ја почитуваат мојата работа или ме укоруваат што сум мускулеста девојка“ – рекла таа и дополнила дека момците кои ѝ упатуваат негативни коментари воглавно го прават тоа од љубомора.

Јулија Винс Јулија Винс Јулија Винс Јулија Винс

Јулија започнала да вежба на 15-годишна возраст. „Како и многу други девојки, гледав кај себе многу недостатоци и се стремев да ги поправам“ – изјавила таа за рускиот портал Woman.

Јулија ВинсЈулија пред да започне со интензивно тренирање

Пред да започне да вежба со тегови, Јулија чувствувала дека нејзиното тело не е во хармонија со нејзината душа и не се чувствувала удобно во својата кожа. Според неа, сето тоа се променило со растењето на нејзините мускули. Денес таа е задоволна од постигнатото, но не планира да запре.

Јулија Винс Јулија Винс Јулија Винс Јулија Винс Јулија Винс Јулија Винс Јулија Винс

Неодамна Јулија влезе на листата „Топ 15 необични луѓе во Русија“.

Tags
Јулија Винс
бодибилдер

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.