• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Роса школо и во Клиничката болница во Битола

25 декември 2018, 09:11
  • cподели

По двете успешно отворени школи за родителство во Скопје и Гостивар, денес и битолчани го добија своето Роса школо за родителство за едукација и обука на сите идни родители. Овој проект на Пивара Скопје е во партнерство со Министерство за здравство и всушност претставува резултат од кампањата преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л за оваа намена.

Роса школо Роса школо Роса школо

Школите за родителство имаат за цел да спроведат обуки со примена на современи техники и со детално осмислена содржина, стручно водење и однапред утврдени распоред и динамика. Понудените содржини во школите за родителство нудат соодветни одговори за потребите и дилемите на идните родители, како и корисни совети и практични вештини во врска со здравата бременост и родителството.

Од Пивара Скопје истакнаа дека со Роса школото во Битола всушност се заокружува проектот за 2018 година, меѓутоа најавуваат негово продолжување и во текот на следната година, со цел да им помогнат и да ги поддржат идните родители и новороденчиња ширум државата. Стручниот тим кој ќе работи во Роса школото е обезбеден од страна на Министерството за здравство и е составен од доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, педијатрија, медицински и патронажни сестри, а целиот проект е од исклучително значење за општеството, граѓаните, идните родители и секако целиот здравствен систем.

„Нашите ентузијастички чекори напред кон обезбедување успешни приказни на идните родители, верувам дека ќе ја поткренат и развијат добросостојбата првенствено за самите идни родители, а секако и за општеството и целото здравство. За нас како компанија преставува голем успех што школите за родителство успешно работат и се одлично прифатени од страна на пошироката јавност и навистина е голема чест што денес, со ова последно Роса школо за 2018 година, можеме да го видиме севкупниот резултат од долгорочниот проект. Силно веруваме дека преку овие школи, заедно со Министерството за здравство, ќе успееме да им овозможиме обуки од светски рамки на сѐ поголемиот број заинтересирани граѓани ширум Македонија“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, Сениор бренд специјалист за безалкохолни пијалаци во Пивара Скопје.

Роса школо Роса школо Роса школо Роса школо Роса школо

Инаку во Клиничката болница во Битола и досега се имаат одржувано обуки за трудници, а на прес-конференцијата државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев и стручната директорка на болницата, д-р Жаклина Сервини, го поздравија проектот од општествена одговорност и неговата важност во насока на продолжување на успешната пракса за советување на идните родители во Битола.

„Особена чест ни е што ја завршуваме оваа година со отворање на ова Роса школо за родителство токму во Битола и искрено се надеваме дека и наредната година ќе продолжиме заедно со Пивара Скопје да реазлизираме проекти кои имаат огромен придонес за целото општество и за добросостојбата на граѓаните. Сигурни сме дека Клиничката болница во Битола одговорно и стручно ќе се справи со предизвикот да го води ова школо и ќе ги охрабри идните родители за успешно родителство и ќе придонесе за безбедна бременост, како и балансиран начин на живот и после породувањето и во периодот на правилна нега и исхрана на детето“, изјави д-р Владимир Милошев, Државен секретар во Министерство за здравство.

Роса школо Роса школо

„Голема благодарност до Пивара Скопје и Министерството за здравство за оваа донација и што нè ставија на мапата на први здравствени установи кои во своите капацитети располагаат со Роса школо за родителство. Уверени сме дека школите ќе бидат добро прифатени од страна на идните родители, особено во креирањето на позитивни навики, бидејќи вложувањето во нашите деца и идните генерации е впрочем вложување во нашата иднина“, изјави д-р Жаклина Сервини, стручен директор во Клиничка болница Битола.

Обуките се бесплатни и ќе бидат организирани во 5 тематски целини, а трудниците и сите заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства ќе можат да се пријавуваат директно во Клиничката болница во Битола.

Tags
Роса

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.