• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Романтична, енигматична и префинета: Новата колекција висока мода на Зухаир Мурад

14 јули 2026, 11:37
  • cподели
Колекција на Зухаир Мурад

Зухаир Мурад во континуитет создава модни волшепства кои лесно продираат во дамските срца. Либанскиот дизајнер ја претстави колекцијата висока мода есен 2026 и експресно ги освои погледите на клиентките со најдлабок џеб, бидејќи секоја од рачно изработените креации чини стотици илјади евра.

Говорејќи за темата на ревијата, Мурад изјавил: „Темата е малку мистерија. Не треба да му покажуваш сè на секого – сите имаме потреба од наша тајна градина“.

Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад

Од неговото ателје детално ја опишуваат музата зад најновата колекција:

„За својата колекција висока мода есен 2026, Зухаир Мурад ја замислува хероината која одбила да се предаде. Во свет кој се распаѓа, таа останува исправена, моќна, недопрена, заштитничка и величенствена. Во себе носи доволно магија за да уништи сè, но и доволно мудрост за да го трансформира само она кое навистина заслужува да биде променето. Таа продолжува да ја испишува сопствената легенда, оставајќи ги своите стапки во снегот. Нејзината убавина никогаш не бара внимание, а сепак е невозможно да се игнорира.

Жената на Зухаир Мурад оваа сезона ги пребродила животните искушенија и се појавила како кралица. Таа живее во онаа нежна сфера на љубовта каде што е истовремено ранлива и недостижна. Длабоко чувствителна, таа владее со своите вонредни моќи со истата прецизност со која владее и со своите емоции“.

Палетата на бои ги истражува многуте нијанси на зимата, продлабочувајќи ја аурата на мистерија. Длабоката црна, зелената како на зимзелено дрво и богатите вински тонови се развиваат во спектар кој се движи од најбледите до најдлабоките и најраскошни нијанси.

Погледнете ја колекцијата која беше презентирана во рамките на Париската недела на високата мода.

Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад
Tags
Зухаир Мурад

Најнови

  • „Тајната која ја криевме“: Блогерката Јована Трајковска е бремена, со слатка фотосесија сподели дека го очекува првото дете

    Tue, 07/14/2026 - 11:45
  • Колекција на Зухаир Мурад

    Романтична, енигматична и префинета: Новата колекција висока мода на Зухаир Мурад

    Tue, 07/14/2026 - 11:37
  • „Ми го скрати животот, имаше лоши Апгар оценки“: Бојана Скендеровски емотивна на роденденот на синот

    Tue, 07/14/2026 - 11:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.