• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Родители на три деца посвоија четири братчиња и една сестричка кои биле разделени во различни домови

27 јули 2020, 10:00
  • cподели

Брачен пар од Тексас посвои четири братчиња и една сестричка кои биле привремено згрижени во различни домови, за сега тие конечно да можат да живеат под ист покрив.

Енди и Томас Бонура, кои веќе имаат три свои биолошки деца, отсекогаш сакале да имаат големо семејство, па во 2017 година го посвоиле бебенцето Брајсон.

Откако дознале дека Брајсон има уште три браќа и една сестра и сите се разделени на различни страни, веднаш одлучиле да ги посвојат сите.

Семејството Бонура Семејството Бонура Семејството Бонура

Нивната битка да им овозможат заеднички дом на сите траела три години.

На 8 мај оваа година, документацијата беше финализирана и тие официјално станаа едно семејство. „Прекрасно е да имаш 8 деца. Секое едно од нив е неверојатно љубезно и грижливо со специјален карактер. За нас е награда да ги гледаме нивните мали срца како растат и заздравуваат“ – изјавила Енди.

„Овие скапоцени деца се толку невини и очајни за љубов. Најубаво е чувството да се отвориш и да ги сакаш со сето срце и комплетно безусловно“ – вели мајката.

Семејството Бонура Семејството Бонура Семејството Бонура Семејството Бонура

Енди и Томас се во брак 15 години, но најпрво имале проблеми да зачнат по природен пат. Сега тие имаат две биолошки ќерки и еден син, чија сестра-близначка починала по раѓањето. Момчето сега има 11 години и има церебрална парализа.

Сите нивни деца се родиле предвреме, па поради тоа докторите ги советувале да не се обидуваат да имаат други биолошки деца.

„Ние одлучивме дека ќе посвоиме долго време пред да добиеме деца. Тоа отсекогаш ни беше во срцата. Откако ги добивме трите деца, докторите ни рекоа дека поради здравстени причини не треба да се обидуваме да имаме повеќе биолошки деца. Но, ние отсекогаш сонувавме да имаме големо семејство“ – велат добродушните родители.

Семејството Бонура Семејството Бонура Семејството Бонура Семејството Бонура Семејството Бонура Семејството Бонура Семејството Бонура Семејството Бонура
Tags
посвојување

Најнови

  • Бруно Марс

    Бруно Марс се жени во спотот за романтичната балада „Risk It All“

    Wed, 03/04/2026 - 16:46
  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.