Ќеркичката на Ријана и Ејсап Роки наполни една година.
Славните пејачка и рапер ѝ организираа роденденска прослава на малата Роки, а само неколку видеа и фотографии испливаа во јавноста.
На нив, музичката ѕвезда и слатката славеничка носат исти розови креации од Диор со голема црна панделка со бели точки во задниот дел.
Роки е најмалото дете на Ријана и Ејсап Роки. Тие имаат и две синчиња, Риза и Рајот.
Неодамна, Ејсап Роки сними фотосесија за списание во која се појавува и неодоливата Роки.