Ријана во црна креација и блескав накит на вечерата на Шопард во Кан организирана во нејзина чест
Ријана го привлече целото внимание на вечерата на Шопард во Кан организирана во чест на нејзината соработка со луксузниот швајцарски бренд.
За свечениот настан, 29-годишната музичка ѕвезда избра црна креација од Ралф и Русо, сандали од Џузепе Ѕаноти и се разбира, накит од Шопард.
Ријана сподели и фотографии од својот изглед на Instagram.
Славната пејачка, која со години е љубителка на моделите на Шопар, неодамна дизајнираше капсулна колекција накит наречена „Rihanna Loves Chopard“.
