Ријана мамеше погледи во жолто во Лондон откако објави заводливи фотографии за новите колекции
Додека работи на нова музика, Ријана го избегнува медиумското внимание, но не успеа да ги заобиколи папараците пред почетокот на нејзината забава во Сохо, Лондон.
Славната пејачка покани Instagram ѕвезди и мејкап артисти за да го промовира најновото од својот козметички бренд Fenty Beauty.
На забавата, 31-годишната ѕвезда се појави во целосно жолта комбинација и пееше караоке и танцуваше со гостите.
Ријана со заводливи фотографии ги најави новите козметички производи, но и новата долна облека од линијата SavagexFenty.
