• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Резонантна магнетофореза (GunaPhoresis) – современа неинвазивна терапија

3 април 2026, 09:30
  • cподели

Резонантната магнетофореза претставува нова, неинвазивна метода која користи специјален апарат – генератор на магнетно поле со екстремно ниски фреквенции (ELF, <100 Hz) и низок интензитет (<100 Гаус). Ова магнетно поле ја зголемува пропустливоста на клеточната мембрана, овозможувајќи подобра апсорпција на активните супстанции.

Со помош на овој иновативен пристап и специјализираниот уред за магнетофореза, се овозможува локално внесување на прочистен колаген во длабочина до 3 сантиметри под кожата. Притоа, целосно се избегнува инвазивниот начин на апликација со игли.

Апаратот GUNAPHORESIS (GPH) овозможува апсорпција на колаген до 99%. За разлика од инвазивните методи, каде се потребни повеќекратни убоди (до 8 пати во една сесија), со оваа техника истата количина колаген се внесува за само 15 минути, со продор до длабоките ткива и зглобови.

За што помага оваа терапија?

  • болки во зглобови и мускули
  • дископатија
  • артритис
  • спортски повреди
  • исчашувања
  • невролошки заболувања
  • рехабилитација по мускулно-скелетни повреди
  • постоперативна рехабилитација
  • козметички дефекти
  • лузни
  • изгореници

Предности

  • Се аплицира директно на засегнатата област
  • Висока апсорпција на колаген во зглобови и мускули
  • Нема топлински ефект – безбеден и при присуство на метални импланти и ендопротези
  • Не го нарушува интегритетот на кожата (без електрична струја)
  • Безболна и пријатна процедура, без ризик од изгореници
  • Хипоалергена – не предизвикува алергиски реакции
  • Може да се комбинира со други лекови и физиотерапевтски техники
  • Безбедна за спортисти – не влијае на допинг тестови

Контраиндикации

  • бременост
  • отворени рани
  • присуство на малигни заболувања

Kолку третмани се потребни?

Оптималниот третман вклучува 10 процедури, кои се изведуваат секојдневно во тек на 10 дена. Потоа се препорачуваат одржувачки третмани еднаш месечно или 5–10 процедури еднаш годишно, во зависност од состојбата.

Ефектите може да се забележат уште по третиот третман, а во некои случаи и по првиот. Терапијата дополнително го стимулира природното создавање на колаген, што значи дека резултатите продолжуваат и по завршување на третманот.

Кај болни состојби, намалување на болката најчесто се јавува помеѓу првата и третата сесија.

Времетраење и удобност

Третманот трае 15–20 минути по регија и е доволно краток за да се изведе дури и за време на пауза. По процедурата нема црвенило или оток, а пациентот може веднаш да продолжи со секојдневните активности.

Цена за една терапија (со два типа колаген) изнесува 3000 денари за една регија.

Резонантната магнетофореза со GUNAPHORESIS е современ и ефикасен избор за третман на остеоартритис, повреди на мускули, тетиви и фасции, болки во ’рбетот, спортски повреди, како и во естетската медицина.

За повеќе информации и закажување, контактирајте го контакт центарот на Клиника Жан Митрев на: 02/3091-484

Автор: Блаже Арсов, дипломиран физиотерапевт / специјалист за рехабилитација при трауматологија, хирургија и ортопедија

Блаже Арсов
Tags
Жан Митрев Клиника

Најнови

  • Ај Кју

    Ај Кју ќе ве разиграат со новата песна „Мажена“

    Fri, 04/03/2026 - 11:25
  • „Една е сестра“: Игор Џамбазов пресреќен покрај сестра си Тања на нејзиниот роденден

    Fri, 04/03/2026 - 10:19
  • Историски лет: Кристина Кох ќе биде првата жена која ќе ја обиколи Месечината

    Fri, 04/03/2026 - 10:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.