• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

RESET во Охрид: Започнува првата летна сезона на поткастот

23 јуни 2026, 10:18
  • cподели
Reset

Со објавувањето на официјалното промотивно видео на социјалните мрежи, RESET официјално ја најавува својата прва летна сезона – серијал од три специјални епизоди снимени во Охрид, кои во текот на следните три месеци ќе донесат инспиративни разговори, нови перспективи и приказни што оставаат трага.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by reset (@resetchat)

Во текот на летните месеци, публиката ќе има можност да проследи три специјални епизоди снимени на различни автентични локации во Охрид, внимателно избрани за да ја доловат атмосферата на сезоната и пораката што ја носи овој серијал.

„Летото е период кога најчесто патуваме, создаваме нови спомени и си дозволуваме да забавиме. Но, тоа е и период кога правиме ретроспектива на сè што сме поминале, на лекциите што сме ги научиле и на насоката во која сакаме да продолжиме. Токму затоа верувам дека патувањето не е само промена на локација, туку можност за личен ресет. Со оваа сезона сакавме да создадеме разговори кои ќе ја носат токму таа енергија – инспиративни, искрени и доволно моќни за да поттикнат нова перспектива кај секој што ќе ги слушне“, вели Нина Ред, водител и основач на RESET.

Првата епизода од летната сезона премиерно ќе биде објавена на 28 јуни преку официјалниот Youtube канал на RESET, додека преостанатите две епизоди ќе следуваат во текот на јули и август.

Летната сезона на RESET се реализира со поддршка на хотел Инекс Олгица, кој е домаќин на дел од снимањата и партнер во создавањето на ова летно издание на поткастот.

Имено, RESET е поткаст посветен на менталното здравје, личниот развој и искрените разговори за животните предизвици. Стартуваше на 10.10.2025, на Светскиот ден на менталното здравје, со цел да инспирира, мотивира и да отвори важни теми што ретко се зборуваат гласно.

Следете ја нивната работа на платформите на Јутјуб, Фејсбук, Инстаграм и ТикТок. 

Tags
Reset
Нина Ред

Најнови

  • Катарина Ивановска и Тамара Тодевска дефилираа на ревија на Mitroff, нивните партнери се гордееја од публиката

    Tue, 06/23/2026 - 10:58
  • Reset

    RESET во Охрид: Започнува првата летна сезона на поткастот

    Tue, 06/23/2026 - 10:18
  • „Најдобриот татко без сомнеж“: Сања Николиќ за Слаткар откако тој низ солзи изјави дека не сака нивниот син да пелтечи

    Tue, 06/23/2026 - 10:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.