• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Repeat It“: Ед Ширан и Мартин Герикс ја објавија песната која започнале да ја креираат пред 12 години

19 мај 2026, 14:01
  • cподели
Ед Ширан и Мартин Герикс

Ед Ширан и Мартин Герикс конечно ја финишираа песната која ја започнале пред повеќе од една деценија.

35-годишниот пејач и текстописец и 30-годишниот диџеј ја објавија „Repeat It“ на огрома радост на нивните фанови.

Заедно со песната, премиерно беше прикажан и официјалниот музички спот кој носи посебна носталгична нота, бидејќи е составен од емотивни и приватни кадри од нивните животи во текот на изминатите 12 години.

„Да се најави и објави овој сингл околу мојот 30-ти роденден е неверојатно посебно чувство... искрено, најдобриот подарок што можев да го посакам. Всушност, ја започнавме оваа песна пред 12 години во Нешвил и долго време искрено мислев дека никогаш нема да има официјално издание. Работата со Ед беше многу забавна. Тој е неверојатен човек, уметник, но и еден од моите драги пријатели од индустријата. Споделивме толку многу кул спомени низ годините. Навистина сум горд што конечно ја објавуваме заедно, оваа песна ни значи многу и на двајцата!“ – сподели Мартин.

На ова, Ед се надоврза:

„Јас и Мартин ја направивме Repeat It пред 12 години, откако се спријателивме за време на едно излегување во Амстердам. Тој полни 30 години и го издава својот деби албум оваа година, па изгледаше како најдобар момент конечно да го направиме ова. Би рекол дека секој ден фановите оставаат коментари под моите објави прашувајќи каде е, па ова е за вас дечки. Среќен роденден Мартин, и среќен Repeat It ден за сите останати. Уживајте во видеото, тоа се кадри од нашите животи од изминатите 12 години.“

Спотот за „Repeat It“

Tags
Ед Ширан
Мартин Герикс

Најнови

  • Becutan Sensitive SOS

    Becutan Sensitive SOS: Нежна формула за смирување и заштита на чувствителната кожа на најмалите

    Tue, 05/19/2026 - 14:40
  • Внуката на Дац прослави прв роденден, родителите објавија слатки фотографии од забавата

    Tue, 05/19/2026 - 14:30
  • Ед Ширан и Мартин Герикс

    „Repeat It“: Ед Ширан и Мартин Герикс ја објавија песната која започнале да ја креираат пред 12 години

    Tue, 05/19/2026 - 14:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.