• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Рејчел Зеглер ја покажа лузната од биопсијата со апел: „Редовните контроли на градите можат да спасат животи“

28 септември 2022, 12:00
  • cподели

„Редовните контроли на градите можат да спасат животи“ – апелира актерката Рејчел Зеглер, целејќи да ја подигне свеста за важноста на редовните прегледи за превенција на ракот на дојка.

Ѕвездата од „West Side Story” сподели дека на 19-годишна возраст почувствувала грутка на градите и веднаш помислила дека се работи за рак. За среќа, станувало збор за бенигно топче.

Рејчел го сподели своето искуство на Instagram. Таа објави фотографија од лузната по извршената биопсија на градите покриена со хируршка лента.

„Пред две години почувствував грутка на градата и дефинитивно ја преживеав најтешката недела во мојот живот“ – признала 21-годишната девојка.

Рејчел Зеглер Рејчел Зеглер

Ова ѝ се случило за време на пандемијата, кога многу доктори не прифаќале нови пациенти. Поради тоа, Рејчел вели дека имала среќа што нејзиниот педијатар ѝ излегол во пресрет и ѝ напишал упат за ултразвук.

„За среќа, мојот педијатар ми даде упат за да направам ултразвук, потоа следуваше биопсија и за среќа резултатот беше бениген“ – раскажала Зеглер.

„Лузната сега ме потсетува редовно да си ги проверувам градите, во случај да се појави каков било неправилен израсток. Фиброаденомот на мојата лева града е вообичена појава, но сепак е застрашувачки кога ќе се открие. Раното откривање спасува животи. Проверувајте ги своите гради“ – апелира популарната актерка.

Рејчел Зеглер

Добитничката на „Златен глобус“ претходно на својот Twitter профил објавуваше постови за подигнување на свеста за менталното и физичкото здравје. Во 2018, пред да стане планетарно позната, таа објави:

„Здраво. Моето име е Рејчел. Страдам од анксиозност и депресија, повремено се чувствувам деперсонализирано. Работам на тоа како да се справам со мојата состојба. Наоѓам заеднички јазик меѓу мене и мојот ум. И тоа е доволно. Те молам прашај ме дали сум добро. #EndTheStigma.“

Рејчел Зеглер
Tags
Рејчел Зеглер

Најнови

  • „Кој ги уби тие деца?“: Емотивниот говор на Игор Џамбазов за жртвите во пожарот во Кочани на „Златна бубамара“

    Mon, 03/09/2026 - 19:40
  • Колекција на Зухаир Мурад

    Софистицираност на максимум: Зухаир Мурад плени со колекција за тајните на париските ноќи

    Mon, 03/09/2026 - 16:52
  • Fashion Weekend Skopje

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    Mon, 03/09/2026 - 13:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.