• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Рециклираме и се маскираме” – екомаскенбал организиран од Пакомак и Рамстор

21 март 2014, 12:16
  • cподели

На денот на смеата и шегата – 1 април, во ТЦ Рамстор ќе се одржи вториот по ред екомаскенбал во организација на Пакомак и Рамстор. На овој уникатен маскенбал поканети се да учествуваат сите млади креативци од градинките и основните училишта од околината на Скопје, а нивна задача е со помош на својата детска фантазија да изработат оригинални маски од амбалажата на производите кои секојдневно ги употребуваат (материјали кои се рециклираат). Во подготовката на маските може да се употребуваат амбалажи од кутии, списанија, тетрапак пакувања, лименки, шишиња, тегли, фолија за пакување и слично, а за најуспешните дела се обезбедени интересни награди.

Темата на овој маскенбал е „Рециклираме и се маскираме“, а учесниците на натпреварот можат да се пријават најдоцна до 31 март на инфо-пултот на ТЦ Рамстор. На 1 април во 14 часот, жири комисијата ќе ги избере најдобрите екомаски и тоа во 2 категории на учесници – деца од 3 до 9 години и деца од 9 до 14 години. Во секоја од овие категории ќе бидат доделени следниве награди: велосипед, ролерки и скирол. По доделувањето на наградите, забавата ќе продолжи со најпопуларните детски песнички.

Еко-маскенбал

„Овoj настан е продолжување на нашата практика на поддржување на еколошки настани и акции кои вклучуваат деца и нивна едукација. Екомаскенбалот е одлична можност за тоа дечињата преку маскирањето во своите омилени јунаци од филмовите или пак различните ликови од секојдневниот живот, да ја разбудат својата креативност и имагинација, но истовремено и да учат за тоа како правилно да го селектираат и рециклираат отпадот. За најкреативните еко-маски обезбедивме супер награди, прилагодени за нивната возраст. Обично родителите влијаат и ги образуваат децата, но ние очекуваме и веруваме дека овој пат дечињата ќе бидат оние што ќе влијаат врз еколошката свест на своите родители и на возрасните” – изјавија од Пакомак.

Еко-маскенбал

„1 април е еден од најубавите празници, кога градските улици просто маѓепсуваат со весели и насмеани детски лица, кои уживаат безгрижно со своите колоритни и инвентивни маски, па сакавме ова волшепство да го пренесеме и во нашиот трговски центар. Бидејќи како компанија постојано се заложуваме за тоа младите рационално да размислуваат за животната околина во која живеат и да се грижат за животната средина, во соработка со Пакомак, повторно се одлучивме за организирање на голем екомаскенбал и еко-концепт за изработка на маските. Се надеваме дека повторно ќе имаме едукативни, забавни и инвентивни маски, а преку поттикнувањето и поддржувањето на креативното размислување, ќе успееме да испратиме еколошки едукативни пораки заедно со децата“ – изјави Елида Трајковска, координатор на проектот во Рамстор Мол центарот.

Пакомак и Рамстор Мол ве покануваат да се дружите и забавувате на 1 април!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.