• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Реакцијата на маж на фотошопираните фотографии од жена му ќе ве изненади

16 октомври 2015, 09:35
  • cподели

Писмото на сопруг поттикнато од фотошопираните фотографии од неговата сопруга допре до илјадници срца и несомнено ќе ве разнежни.

Пред околу една година, жена во 40-тите години од својот живот закажала фотосесија со фотографката Викторија Халтом со идејата да направи сензуален албум за да му го подари на својот сакан сопруг.

„Сметав дека таа изгледа како божица, но како и повеќето жени, таа имаше едно барање. Дојде кај мене, ме погледна директно в очи и ми рече: Сакам да го отстраниш со Фотошоп целиот мој целулит, сите мои лути црвени стрии, целото мое сало и сите мои брчки... едноставно направи да исчезнат. Сакам да се чувствувам прекрасно, барем еднаш“ – раскажала фотографката за средбата со својата клиентка.

Викторија ја исполнила желбата на жената и ги отстранила со Фотошоп сите несовршености од фотографиите. Албумот бил божиќен подарок за сопругот.

Жена

Три дена подоцна, фотографката ја добила следнава порака:

„Здраво Викторија, јас сум сопругот на ****. Ти пишувам затоа што неодамна добив албум со фотографии кои ти ги направи од мојата сопруга. Не би сакал да помислиш дека на каков било начин ти се лутам, но сакам нешто да ти кажам.

Со мојата сопруга сме заедно од 18 години и имаме две прекрасни деца. Сме доживеале многу подеми и падови низ годините и мислам, всушност знам, дека жена ми ги направи тие слики за да го „зачини“ нашиот брак. Таа понекогаш се жали дека не сум ја сметал за привлечна и дека не би ме обвинила доколку си најдам некоја помлада.

Кога го отворив албумот кој таа ми го подари, срцето ми се стегна. Тие слики... иако беа прекрасни и очигледно ти си многу талентирана фотографка... не ја прикажуваат мојата сопруга. Ти направи секој нејзин физички недостаток да исчезне, и иако сум убеден дека таа го побара тоа од тебе, ти избриша сè што го сочинува нашиот живот.

Кога ѝ ги избриша стриите, ти ја избриша документацијата за моите деца. Кога ѝ ги избриша брчките, ти избриша повеќе од две децении смеа и грижи. Кога ѝ го избриша целулитот, ти ја избриша нејзината љубов кон готвењето и сите специјалитети што сме ги изеле низ годините. Не ти го кажувам ова за да направам да се чувствуваш ужасно, ти само си ја работиш твојата работа и го разбирам тоа. Ти го пишувам ова за да ти се заблагодарам.

Гледајќи ги тие слики, сфатив дека искрено не ѝ кажувам доволно често колку многу ја САКАМ и колку ја обожавам токму онаква каква што е. Таа го слуша тоа толку ретко, што всушност си помисли дека сакам да изгледа како на овие фотошопирани фотографии. Морам да се потрудам повеќе и во остатокот од мојот живот ќе ја славам неа и сите нејзини несовршености. Ти благодарам за потсетувањето.“

Викторија го објави писмото за да ги потсети жените дека се убави токму онакви какви што се. „Дами, јас можам да ви фотошопирам сè. Но, ве охрабрувам да размислите двапати за тоа колку многу корекции правиме. Нашите сакани нè ценат и обожаваат токму онакви какви што сме. Овој e-mail е 100% реален и плачев како бебе, исполнета со вина, кога и да го прочитав во следните шест месеци. Ве охрабрувам да се прифатите онакви какви што сте. И само во случај да нема кој да ви каже колку многу сте убави вечерва... ВИЕ СТЕ МНОГУ УБАВИ!!!“ – пишува фотографката.

Tags
фотошоп

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.