• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Рамсторе го прослави својот 14. роденден со многу награди, настани и хуманитарни активности

12 декември 2019, 14:18
  • cподели

Традиционално секоја година во месец октомври/ноември Рамсторе маркетите организираат активности за наградување на своите потрошувачи. Па така, минатата недела на 02.12.2019 г.Рамсторе ја заокружија прославата на својот 14. роденден ставајќи акцент на еколошката одговорност со носечки слоган „Размислувај ЕКО” на двомесечната наградна игра која започна на 3.10.2019 и траеше до 20.11.2019 доделувајќи исклучителни награди како 14 скутери, 14 тротинети и 1 автомобил Toyota Hybrid.

Во присуство на голем број на посетители, случајни и дојдени токму поради наградната игра, беа прочитани имињата на среќните добитници, а на најсреќниот од нив Лирим Дика од Струга, со телефонски повик му беше соопштена главната награда.

Рамсторе

Рамсторе кој во Македонија почна со работа во 2005 година е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш. еден од најголемите синџири на маркети во Р.Турција.

За 14 години колку што е присутен на македонскиот пазар, Рамсторе ги нуди своите услуги во 7 градови низ Македонија со вкупно 28 маркети со вкупна површина од 23.800 m2 и еден трговски центар Рамсторе Мол.

Главниот фокус на компанијата е насочен кон целта да оствари профитабилен пораст, превземајќи активности чувствителни кон општеството и околината. Воедно, се стреми да овозможи и уникатно искуство во пазарувањето преку спојување на ценовната структура, разновидноста на производите и кваллитетната услуга.

Рамстор поставува високи малопродажни стандарди, задоволни вработени, фер односи со своите добавувачи, еколошка одговорност и секако помош и грижа за оние кои им е најпотребна. Па така по повод 14. роденден, Рамсторе Македонија во насока на својата визија заедно со своите вработени и потрошувачи уште еднаш ја покажа и докажа својата хумана страна (општествена одговорност) , организирајќи хуманитарни активности, како крводарителна акција, акција за донирање на храна како и акција за донирање на облека.

„Ние како компанија ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со цел да го побудиме хуманиот дел и да го поттикнеме чувството на солидарност на хумана димензија кај сите. Веруваме дека секоја направена донација ќе биде корисна за нашето општество, а воедно ќе им помогне на оние на кои им е најмногу потребна“ - истакнаа од компанијата.

Комерцијален текст

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.