• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Ракот не ме спречи да бидам принцеза“: Фотосесија на позитивна тинејџерка која ја изгуби косата

16 август 2016, 08:47
  • cподели

Девојка, која ја изгуби својата коса поради рак, инспирира на социјалните мрежи со позитивна фотосесија со моќна порака.

Андреа Сиера Салазар не дозволува ќелавата глава да ѝ застане на патот да биде модел, а сега му покажува на светот дека вистинската убавина е во секој од нас. Таа сподели фотографии на социјалните мрежи на кои позира со насмевка на лицето, а во описот напиша: „Ракот не ме спречи да бидам принцеза“.

Андреа Сиера Салазар Андреа Сиера Салазар Андреа Сиера Салазар Андреа Сиера Салазар

17-годишната девојка открила дека има Хочкин ломфом во втор стадиум откако пронашла грутка на својот врат. Следувале многу денови поминати во болница и губење на косата како последица на лекувањето. Заедно со губењето на косата, Андреа започнала да ја губи и својата самодоверба.

„Пред хемотерапијата секогаш бев самоуверена личност, но кога косата започна да ми паѓа, ќе се погледнев во огледалото и не се чувствував воопшто самоуверено“ – вели Андреа.

Сепак, инспиративната девојка продолжила да го следи својот сон да биде модел и откако научила да се сака токму онаква каква што е, сними фотосесија без перика за која доби многу аплаузи на социјалните мрежи.

„На почетокот не се чувствував доволно самоуверено за да се фотографирам без перика, но потоа сфатив дека не постои причина за да се срамам од мојот изглед, дека треба да се гордеам. Не е важна надворешната убавина, туку внатрешната. Тоа ја инспирираше фотосесијата без перика“ – објаснила Салазар.

Андреа Сиера Салазар Андреа Сиера Салазар Андреа Сиера Салазар

Поради честите престои во болница Андреа била принудена да гледа многу мали девојчиња кои како неа ја губат самодовербата и сега сака да ги инспирира да бидат позитивни за својот изглед.

„Постојано гледам мали девојчиња и на нивните лица се гледа дека ја изгубиле својата самодоверба. Сакам тие да знаат дека физичките атрибути не нè дефинираат, она што е навистина важно е нашата внатрешна убавина, начинот на кој се однесуваме кон другите и ако си љубезна личност, тоа ќе се покаже“ – вели таа.

„Не е важно дали имаш коса или не. Не мислам дека те претставува како личност ако немаш долги нозе, или сини очи, или нешто кое луѓето го сметаат за совршено... Тоа не е убавина. Ракот не треба да те спречи да го правиш она што го сакаш. Сакам луѓето да знаат дека се убави внатрешно и сакам да бидам инспирација за нив“ – додава Андреа.

Андреа Сиера Салазар Андреа Сиера Салазар Андреа Сиера Салазар Андреа Сиера Салазар
Tags
рак

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.