• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Ракот ме освести, никогаш нема да сум безгрижен“: Мајкл Бубле за откривањето на ракот кај синчето

21 декември 2023, 13:56
  • cподели

Мајкл Бубле зборуваше за тешки моменти од неговиот живот кои го освестија и го направија подобра личност.

Во 2016 година, на неговото синче Ноа, кое тогаш имаше 3 години, му беше дијагностициран рак на црниот дроб и тоа мораше да прима хемотерапии. Таа дијагноза повлекла една завеса која била спуштена пред очите на 48-годишниот пејач и тој целосно си ги обновил приоритетите.

Мајкл Бубле Мајкл Бубле

Зборувајќи во подкастот на Стивен Бартлет, сопругот на „младата бунтовничка“ Луисана Лопилато рече:

„Дијагностицирањето рак кај мојот син ми го растреси светот и тргна завеса од пред моите очи. Не сакам да навлегувам подлабоко, но мислам дека немав контекст. Никогаш повеќе во мојот живот нема да бидам безгрижен и тоа е ОК“.

„За мене е привилегија што постојам. Болката, стравот и страдањето кои доаѓаат со таквите нешта, се дел од овој прекрасен живот“.

„Всушност кога тоа се случи, минував низ криза. Не мислам дека си имав поставено приоритети. Моето семејство отсекогаш беше моја љубов. Не мислам дека бев ужасен тип, но мислам дека имав ролетни – кариера, амбиции, како да станам најопасен, најголем, најдобар? Поголемо его, поголема моќ, повеќе пари...“.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Мајкл смета дека живеел со завеса пред себе сè до дијагнозата на неговиот син, кога си ветил дека ќе го остави зад себе своето его.

„Како да го живеев животот со завеса пред мене, како филтер и во моментот кога ми кажаа што се случува, реалноста ме удри – филтерот за миг исчезна. Сфатив што е важно“ – рекол Бубле.

„Не размислував многу за тоа. Немаше време за да го процесирам. Се сеќавам дека ги затворив очите и си реков дека ако поминеме низ ова, ќе живеам различен живот, подобар живот. И навистина, си го дадов тоа ветување себеси. Сакам да бидам пољубезен, посочувствителен, не сакам тоа его и таа лажна слика за мене да надвладее. Сакам да знам колкав среќник сум“.

„Јас сум среќен човек, само погледнете ја мојата сопруга. Како се случи тоа? Како го добив тоа прекрасно човечко суштество кое е најдобро од сите за да ме води и носи низ сите овие нешта?“ – рекол Мајкл.

Аргентинската актерка кај нас позната по серијата „Млади бунтовници“ и канадскиот музичар имаат уште три деца: 7-годишниот Елијас, 5-годишната Вида и 16-месечната Сјело.

Мајкл Бубле Мајкл Бубле Мајкл Бубле Синот на Луисана Лопилато и Мајкл Бубле
Tags
Мајкл Бубле

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.