• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Ракометарките на Ѓорче Петров со поддршката од Клиника Жан Митрев ќе играат за пласман во полуфинале

23 јануари 2024, 17:39
  • cподели

Ракометарките на Ѓорче Петров – ЖРК, по успешното совладување на чешкиот тим Кинжварт, се пласираа во четврт-финалето во Европскиот куп. На прес-конференција, младите ракометарки рекоа дека не се задоволуваат само со место меѓу осумте најдобри и одат кон реализација не поголеми амбиции.

Следната желба е пласман во финалето во третото по квалитет европско натпреварување во женска конкуренција.

Ракометарките на Ѓорче Петров Ракометарките на Ѓорче Петров

„На почетокот на сезоната тргнавме со цел да го надминеме ланскиот пласман во осминафиналето, во што и успеавме, но мотивирани сме да направиме уште поголем успех – пласман во полуфиналето или во финалето. Се надеваме дека следната година ќе играме во Европската лига, па наскоро и во Лига на шампиони“, вели Ангела Цветановска.

Тренерот Симе Симовски, ракометарките и тактички и технички може да играат за повисок резултат.

„Нема да застанеме тука, иако и ова е голем успех. Не знаеме со кого ќе играме во следно коло, но не запираме тука, продолжуваме со работа и со надградбата. Овие девојки кои се борат за Ѓорче Петров се заборавени од некои структури, но тука покажуваат дека тактички и технички може да играат на високо ниво. Без разлика што ова е трето по ранг натпреварување, нас пласманот во Топ 8 многу ни значи“, изјави Симовски.

Ракометарките на Ѓорче Петров Ракометарките на Ѓорче Петров

Според Блаже Арсов, дипломиран физиотерапевт во Клиника Жан Митрев и официјален физиотерапевт на ЖРК Ѓорче Петров, тие покажаа одличен ракомет. „Физичката подготвеност на ракометарките е добра, нивната состојба се следи мултидисциплинарно, во тоа се вклучени сите специјалисти од болницата и нивната состојба се следи и со повремени целосни прегледи, при подготовка пред натпревари, а тимот од Клиника Жан Митрев е поддршка и за време на натпреварите. Сега следи рехабилитација и подготовка за следните нарпревари“, истакна Блаже Арсов, дипломиран физиотерапевт во Клиника Жан Митрев и официјален физиотерапевт на Ѓорче Петров – ЖРК.

Следните можни противници на Ѓорче Петров на патот кон полуфиналето во Европскиот куп може да биде некоја од екипите на Гранолерс, Елче, Гран Канарија (Шпанија), Михаловце (Словачка), Венло (Холандија), Бенфика (Португалија) и Јаликавак (Турција).

Клиника Жан Митрев е медицинскиот партнер на македонскиот шампион Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров при што се грижи за здравјето и за подобрување на перформансите на ракометарките. За физичката и кондиционата подготвеност на ракометарките на располагање им се најсовремените техники, апаратура, целосниот тим доктори специјалисти и долгогодишно искуство на тимот од Клиника Жан Митрев, се со цел остварување на уште подобри резултати на натпреварувањата.

Ракометарките на Ѓорче Петров Ракометарките на Ѓорче Петров

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.